Најдобри трендови за реновирање на домот за лето 2021

Пандемијата предизвика најголем дел од 2020 година да го поминеме во нашите домови, па така, не е изненадување што на голем дел од нас можеби ни здодеа истиот декор и истата глетка во домот.

najdobri-trendovi-za-renoviranje-na-domot-za-leto-2021-01.jpg

Токму затоа воопшто не е неочекувано што со стивнувањето на пандемијата размислувањата за реновирање на домот станаа сè почести. Но, сигурно е дека постои значителна разликата во трендовите во однос на претходните години, што секако е врзано за промените во нашето секојдневие кои се случија поради пандемијата предизвикана од КОВИД 19. Доколку и вие сте меѓу оние кои се пред предизвикот на реновирање, дозволете да ви помогнеме со неколку нови трендови, актуелни за оваа летна сезона.

Како најголем тренд за лето 2021 го издвојуваме создавањето „светилиште“ за работа од дома. Иако можеби бројот на заразени кај нас се намали драстично, сепак, постои неизвесност околу тоа што ќе донесе есента, особено поради информациите за повторно букнување на заразата во многу земји. Токму затоа и издвојување посебно место за домашна канцеларија е дефинитивно во игра. Без разлика дали ќе издвоите цела соба за домашна канцеларија, или, пак едно мало катче од спалната или дневната, ваквиот простор е дефинитивно неопходен и ИН. Тоа ќе ви помогне да се оттргнете од работи кои ви го одвлекуваат вниманието и целосно да се посветите на работата кога сте дома. Затоа се препорачува да одредите дел од домот кој не е во постојана употреба. Се што ви е потребно е работна маса, светли тонови на ѕидовите, удобна столица, прозор во близина и растенија. Обидете се да го направете ова катче слично на она во вашата канцеларија и подготвени сте за работните предизвици.

najdobri-trendovi-za-renoviranje-na-domot-za-leto-2021-03.JPG

Не треба да изненадува што надворешните простори се повеќе ценети од кога било. Пандемијата нè затвори дома една година без избор. Тоа што бевме приморани целото слободно време да го минуваме дома нè натера да копнееме за надградени надворешни простори. Создавањето удобен дневен престој на отворено ќе биде всушност продолжение на вашиот дом. Наш совет е да ја адаптирате вашата тераса во удобна дневна, каде што ќе можете да ја пронајдете вашата оаза на мирот. Што ви е потребно? Комфорни каучи во комбинација со големи перници за седење, ниска масичка и секако проектор за забавни кино проекции со најмилите.

najdobri-trendovi-za-renoviranje-na-domot-za-leto-2021-02.JPG

Колку често бегавте во вашата бања во текот на изминатата година со единствена цел да поминете барем малку време сами во тишина? Истражувањата покажале дека дури 41% од лицата кои правеле реновирања во бањата, го направиле тоа со цел да ја претворат во простор за одмор и релаксација. Па така, ви препорачуваме да почнете да размислувате токму за една ваква промена. Исто така, инвестирајте и во помали работи како ароматерапевтски тушеви и секако, не заборавајте да вметнете простор или држач за чаша вино.

najdobri-trendovi-za-renoviranje-na-domot-za-leto-2021-04.JPG

За крај, бидејќи дефинитивно сето време што го поминуваме дома не презасити од глетката, не треба да се заборават и визуелните надградби на домот кои се исто така во центарот на трендовите за реновирање за 2021 година. Станува збор за визуелно зголемување на просторот во кој живеете, односно практично користење на секое ќоше. Плочките со екстра големи димензии се вистинско откритие бидејќи дефинитивно прават секој простор да изгледа многу поголем отколку што навистина е. Фатете се за работа и сменете ги плочките во кујната, бањата или, пак, подните плочки во дневната соба и визуелно проширете ги вашите простории!

najdobri-trendovi-za-renoviranje-na-domot-za-leto-2021-05.JPG

Веќе се одлучивте за реновирање, но потребни ви се средства за реализација на сите ваши идеи? Не грижете се, Халкбанк е тука за сите ваши потреби. Со потрошувачкиот кредит на Халкбанк што може да биде во износ до 1,500,000 денари, со максимален рок на отплата до 10 години и со само 5% фиксна каматна стапка за првaта година, вашите идеи ќе можат брзо и лесно да бидат реализирани.

Фатете се за работа веднаш! 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg