Уживај во долготрајна свежина и вкус со Liebherr DuoCooling!
- Детали
- понеделник, 05 јули 2021
Вкусен оброк после долг работен ден е едно од малите задоволства во кои секојдневно сакаме да уживаме. Затоа е важно секогаш да имаме свежи намирници во ладилникот со кои ќе си го подготвиме омиленото јадење. Ако се прашувате како можете да ја задржите свежината и природниот вкус на храната подолго, одговорот е Liebherr DuoCooling.
Најновата технологија DuoCooling со две одделни разладни кола, овозможува независно функционирање на ладилникот и замрзнувачот. На овој начин се спречува размената на воздух и мириси меѓу овие два сегменти, а студениот воздух од замрзнувачот не ја суши храната во ладилникот.
Со DuoCooling, прехранбените производи ја задржуваат формата, конзистентноста и нивниот природен вкус уште подолго, а вие секогаш ќе може да уживате во свежа храна полна со витамини и минерали.
Liebherr се лидери во производството на ладилници уште од 1954 година. Германскиот квалитет, иновативните технологии и безвременскиот дизајн лесно ќе ги препознаете кај секој нивни ладилник.
Целиот асортиман на комбинирани ладилници на Liebherr можете да го погледнете на нивната официјална веб страница, а одбраниот ладилник можете да го нарачате во продажните салони на Техномаркет и Нептун.