Двојна диплома од светска класа од Универзитетот Јорк и Универзитетот од Стразбур сега достапна и со стипендиите Борис Трајковски
- Детали
- петок, 02 јули 2021
Заинтересираните кандидати за Пан-европската извршна МБА програма сега можат да аплицираат за стипендија Борис Трајковски (20 целосни стипендии) што ги нудат заеднички Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Претседателот на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука.
Студентите кои оваа академска година ќе се запишат на Пан-европската извршна МБА програма на СИТИ Колеџ, ќе добијат двојна диплома, една од врвниот британски Универзитет Јорк (рангиран како 133-ти во светот, според Times Higher Education - THE 2021) и од престижниот француски Универзитет од Стразбур (со 18 добитници на Нобелова награда), додека студираат на Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ во Солун, Грција. Ова е резултат на унапредувањето на постојната ЕМБА програма на СИТИ Колеџ, којашто освен придобивката од двојната диплома, за студентите носи и ред други предности.
Заинтересираните кандидати можат да дознаат повеќе за придобивките од Пан-европската извршна МБА програма на линкот каде е достапен Конкурсот како и информации во врска со апликацијата и барањата за стипендии.
Пан-европската извршна МБА програма се издвојува со холистичкиот пристап кон бизнисот, односно во себе ги интегрира регионалните и паневропските потреби на бизнис стратегиите и ги става во контекст и рамка на глобалните тенденции.
Исто така, голема предност на Пан-европската извршна МБА програма на СИТИ Колеџ е тоа што сега за учесниците овозможува три студиски престои што доаѓаат со оваа програма, во Стразбур (Франција), во Јорк (Велика Британија) и во Солун (Грција). Сите предавања се реализираат од академски и професорски кадар што доаѓа од повеќе академски институции, но програмата вклучува и меѓународни експерти, менаџери и извршни директори од над 18 земји, кои доаѓаат преку осумте локации за настава, од Софија, Солун, Белград, Киев, Букурешт, Ереван, Тбилиси и Баку. Овој ексклузивен академски и експертски наставен кадар, е дополнет со онлајн учество на експерти од индустријата од светска класа од цела Европа и Северна Америка.
Генерално, Пан-европската извршна МБА програма обезбедува непроценливо меѓународно искуство, но исто така и исклучителни можности за вмрежување на учесниците и студентите од различни академски, но и сродни средини.
Програмата е наменета претежно за професионалци и менаџери со амбиција за надградување, подобрување и проширување на вештините и знаењата на едно повисоко ниво, соодветно растечките потреби на меѓународните пазари. И затоа е дизајнирана да одговори на нивните барања, така што овозможува комбинирање на тековните професионални ангажмани и студирањето. Достапни на избор се два модели, со редовно одвивање на предавањата за време на викендите или пак комбинирано, каде што предавањата се слушаат онлајн, освен студиските патувања. Целата програма се комплетира во период од 26 месеци.
Учесниците, исто така, имаат голема корист од Програмата за лична професионална кариера и коучинг за лидерство што е вклучена во Пан-европската МБА и е достапна за сите студенти. Професионални деловни тренери, обезбедуваат индивидуално прилагоден тренинг, им помагаат на студентите на МБА програмата да го дефинираат нивниот личен план за кариера и да успеат во нивните професионални цели.
Оваа програма е една од 300те програми акредитирани од Здружението на МБА програми (AMBA) и од Институтот за менаџмент, од Велика Британија (CMI), а вредноста на оваа извршна МБА програма во академскиот свет ја потврдува и заедницата од приближно 4000 учесници и дипломци досега.
Подетални информации во врска со Пан-европската ЕМБА програма на Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ се достапни на следниот линк.