Промоција на новиот албум на Фолтин „Симултан бакнеж“ - бендот најави лето исполнето со многу концерти и јавни настапи

Денес (01.07.2021) на настан во МКЦ, Скопје беше промовиран новиот албум на Фолтин  како и видео запис за една од песните од албумот. 

promocija-na-noviot-album-na-foltin-simultan-baknezh-bendot-najavi-leto-ispolneto-so-mnogu-koncerti-i-javni-nastapi-01.JPG

Албумот „Симултан Бакнеж“ се состои од 4 песни, снимени во Студио АЛШАР - Скопје, во декември 2020.

Фотографијата и дизајнот на омотот се креација на режисерот Ѓорче Ставревски.

Изданието беше промовирано со спот за една од песните „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Виитман.  Директор на фотографија е Michell Rivas, а актери се Rio Rasch и Nisha Virmani. Видео записот е снимен во Берлин.

Издавач на албумот е ОХО Продукција, продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски. 

Продуцент на видео записот е Пеце Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Виитман и Илија Тирицовски. 

promocija-na-noviot-album-na-foltin-simultan-baknezh-bendot-najavi-leto-ispolneto-so-mnogu-koncerti-i-javni-nastapi-02.JPG

Воедно Фолтин најавија лето исполнето со многу концерти и јавни настапи. На 17.07 концерт во Кичево, на 25.07 концерт во Струга во Домот на Културата, на 29.07 во Прилеп во Центар за Култура, на 31.07 во Амфитеатарот во Велес и на 22.08 на плажа Оревче во Охрид. Исто така бендот ќе гостува и на Џез Фестивал во Баснко на 08.08, а најавија и голема скопска промоција на албумот кон крајот на летото.  

ТУКА може да се купи и преслуша албумот. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg