По повод 30 години од независноста - Македонски дизајнери и уметници ќе дизајнираат Swatch часовници
- Детали
- среда, 30 јуни 2021
Божиновски часовници и накит одлучи триесетгодинината од независноста на Македонија да ја обои со впечатливи уникатни дизајни на Swatch часовници, дизајнирани од македонски дијзанери и уметници, и со тоа да се вброи во само неколкуте земји во светот кои ќе успеат да направат локален дизајн.
„Во година во која одбележуваме триесет години на вистински тобоган од чувства и емоции, заеднички победи и порази, на еден заеднички пат исполнет со бројни предизвици и искушенија, решивме на тие 946 080 000 заеднички секунди позади нас, да им дадеме силен печат со наши македонски бои, македонска инспирација и македонска егзекуција, притоа користејќи го швјцарскиот часовничарски бренд „Swatch“ како „платно“, или медиум на кого нашите уметнички виртуози ќе го изразат својот вонвременски талент“, велат од Божиновски часовници и накит при што дадаваат: „Тоа е најмалку што можеме да направиме за модерната уметност и оние творци кои со крајни напори издржуваат во овие турбулентни 30 години.“
Swatch од 1985г. ја заматува границата помеѓу уметноста и часовничарството. Нивната посебна линија Swatch and Art вбројува лимитирани часовници од Францускиот уметник Kiki Picasso (1985г.) Keith Haring (1986г.) Alfred Hofkunst (1991), дизајнерката Vivienne Westwood: 1992/’93, американскиот фотограф David LaChapelle (2000г.), парискиот уметник Stephen Dean (2002г), францускиот дизајнер и рапер Grems (2009г.), Американскиот моден дизајнер Jeremy Scott (2011г.), Англискиот уметник и колекционер Damien Hirst ( 2018г.)…и повторно Keith Haring ( 2021г.)
Kiki Picasso (1985г.)
Keith Haring (1986г.)
Damien Hirst (2018г.)
Grems (2009г.)
Симболично лимитиран во само 30 парчиња, првиот македонски Swatch часовник ќе носи едно од неколкуте уметнички решенија предложени од наш познат дизајнер и ќе се појави точно на осми септември – на јубилејната прослава на независноста на Македонија, а во периодот кој следи, бројни македонски дизајнери, илустратори и уметници ќе имаат можност својот израз да го покажат на Swatch часовник и со тоа симболично да си посакаме времето кое доаѓа пред нас да биде повесело и пошарено исто онака каков што е стилот на швајцарскиот часовничарски бренд.
Во изборот на автори кои ќе добијат можност да дизајнираат часовници како и во повеќето идејни решенија ќе учествуваат и клиентите на Божиновски часовници и накит кои се дел од Лојалната Програма со цел најпрецизно да се погоди емоцијата и нијансите кои овие триесет години беа релевентни за сите нас.
„Времето секогаш е симбол на надеж и верба, а ние како бренд веруваме дека изминативе 30 години без разлика на предизвиците во Македонија споделувавме и поддржувавме прекрасни уметнички изрази на индивидуалци кои преку нивниот талент со нас споделуваа искрени чувства и емоции. Преку оваа платформа на сите тие луѓе сакаме да им дадеме еден вид на признание и мотив да продолжат да ја шират позитивната и креативна енергија, но исто така и да ги мотивираме младите автори да го следат сонот и да ја пронајдат својата публика“, потенцираат од Божиновски часовници и накит