Софија Дацева, млада иноваторка и претприемачка: „За 10 години ќе имам сопствен светски бренд“
- Детали
- понеделник, 28 јуни 2021
Приказната на Софија Дацева, новата хероина на Халкбанк и основачка на две компании што развиваат иновативни технолошки процеси во прехранбената индустрија, е навистина импресивна. Благодарејќи на нејзината светла љубопитност и неколкуте години поминати во Велика Британија во експерименти и разни тестирања, заедно со својот тим таа успеа да направи сладолед од вино.
Токму така, 180 милилитри сладолед познат под брендот WICE, благодарејќи на Софија, може да достигнат еквивалентен ефект на консумирање чаша вино.
„За 10 години сакам да имам интернационална компанија што ќе се специјализира во прехранбени производи, кои ќе имаат позитивно влијание врз животната средина“, вели таа.
Софија, ти благодариме што со твоите иновации секојдневно придонесуваш за свет со нула отпад! Погледнете го видеото во кое Софија навистина импресионира со своите дела, иновации и надежи за светла иднина.
Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.
Погледнете ги останатите видеа од видеосеријалот на следниот линк: