Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција.
- Детали
- среда, 23 јуни 2021
AKK RENAULT SPORT како организатор на RENAULT TWINGO CUP и официјалните претставници на LEMA Racing Ви најавуваат уште еден интернационален настап за TWINGO CUP натпреварувачите и тоа на тркачката патека во Серес, Грција викендов на 26.06.2021 и 27.06.2021 год.
Во Серес ќе се возат петтата и шестата трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија.
Пријавени се вкупно 23 возила од: Словенија, Унгарија, Србија и 10 Македонски натпревaрувачи: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Слободан Трајковски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.