Првата Македонска IGTV серија – „Нека остане меѓу нас“ ги спојува тинејџерите

Иновативна, забавна и во чекор со светските трендови, новата Instagram TV серија на Вива е вистинско освежување за тинејџерите

Секој четврток во 20:00 часот на IGTV каналот на ВИВА ве очекува нова епизода од првата Македонска IGTV серија „Нека остане меѓу нас“. Серијата почна да се емитува со започнување на летниот распуст на 10-ти јуни и опфаќа низа различни ситуации кои ќе им се случуваат на главните ликови во текот на летото а во кои сите тинејџерите сигурно ќе се пронајдат.

prvata-makedonska-igtv-serija-neka-ostane-megju-nas-gi-spojuva-tinejdzherite-01.jpg

Проектот е на иницијатива и во реализација на компанијата Вивакс, која реши летово да создаде една универзална тема за разговор помеѓу тинејџерите.

Серијата се состои од дванаесет епизоди, а секоја епизода е комбинација од сцени од реалниот и дигиталниот свет, т.е. светот во кој живеат тинејџерите.

Ана, Дарко и Ивана се тинејџерите кои се вклучени во сите заплети во серијата, а нивните карактери, постапки и реакции создаваат непредвидлив и возбудлив тек.

prvata-makedonska-igtv-serija-neka-ostane-megju-nas-gi-spojuva-tinejdzherite-02.jpg

Дејството се одвива наизменично во живо и на Instagram чет, социјална мрежа која изминативе години е местото за главен собир и комуникација, но и место каде имаме единствена шанса да „ѕирнеме“ во „inbox“-от на тинејџерите.

„Анализирајќи ги иновативните трендови кај дигиталните медиуми во соработка со NewMediaMK, заклучивме дека Instagram TV или IGTV е совршен канал за создавање на подлабока врска помеѓу тинејџерите и нашето производно портфолио (категориите Вива Фреш (Viva Fresh), Вива Спарк (Viva Spark) и Вива Ледените чаеви (Viva Ice Tea)). Креирањето на видео содржина стана сè поинтегриран дел во маркетинг стратегиите и кампањите на компаниите и особено нè радува фактот што Вивакс е првата компанија која ја создаде првата македонска IGTV серија за тинејџери.

Во време кога комуникацијата со тинејџерите е огромен предизвик и се одвива на смарт телефоните и социјалните мрежи, при создавањето на серијата ни беше неопходно да научиме да „зборуваме“ на нивниот јазикот, т.е. да бидеме дел од нивните секојдневни ситуации со кои се соочуваат со цел да ги поттикнеме јавно да зборуваат за теми кои им се важни, како вистинското другарство и љубовта. Затоа и комуникацијата помеѓу главните ликови се одвива во чет прозорци, со користење на актуелните апликации, емотикони, гифови, правење на селфи и слично“. – додаваат од маркетинг тимот на Вивакс.

prvata-makedonska-igtv-serija-neka-ostane-megju-nas-gi-spojuva-tinejdzherite-03.jpg

Првата тајна“ во серијата е веќе откриена, а веќе сме во исчекување да одгатнеме дали Ана ќе направи паметен потег или една грешка ќе влијае на целото друштво?

Погледнете ја првата епизода на: https://www.instagram.com/tv/CP8vOGTjwCA/ 

Во втората епизода Дарко останува логиран на телефонот на Ана, па Ана се двоуми дали да му ги прочита пораките... Да се види или не? Кој потег е паметен?

Погледнете ја втората епизода на: https://www.instagram.com/tv/CQOwSzODt2H/

Откривајте ги тајните, една по една, секој четврток во 20:00 часот на Instagram профилот на @vivasokovi

„И секако, ова лето – Нека остане меѓу нас!“

prvata-makedonska-igtv-serija-neka-ostane-megju-nas-gi-spojuva-tinejdzherite04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg