Сѐ што треба да знаете за новиот детски фаворит
- Детали
- понеделник, 21 јуни 2021
Растот кај децата се однесува на физичкиот развој, говорот, мислите и емоционалните промени кои претставуваат активни процеси од самото раѓање па сѐ до почетокот на зрелоста.
За време на овој период, напредокот на детето зависи од различни фактори, меѓу кои најголемо влијание има исхраната. Детскиот развој може значително да се подобри и поттикне со балансирана и здрава исхрана богата со сите потребни состојки кои придонесуваат кон таа цел.
Новиот леб од Жито Лукс, Тости е наменет за деца и е извор на потребните хранливи материи за правилниот развој. Дополнително збогатен со железо, калциум и витамин Д, неговиот состав и нутритивните елементи, минерали и витамини се посебно потребни за децата во раст и развој.
Лебот претставува извор на калциум и витамин Д кои се главните хранливи материи за нормален раст и развој на коските кај децата. Витаминот Д, исто така функционира како поддршка на имуниот систем, значаен за негово нормално функционирање кај децата. Понатаму, железото е, исто така една од хранливите материи со кој лебот го снабдува организмот и има голема улога во транспорт на кислород во телото и когнитивниот развој кај децата.
Детскиот леб Тости, покрај тоа што го снабдува детскиот организам со хранливи состојки за правилниот развој, е и неодолив со вкус на путер и ванила.
Неодолив и неопходен – совршен спој за деца!