Време е за уживање: Cooking with Branko заедно со VEMILK ја откриваат тајната за совршен пикник
- Детали
- понеделник, 14 јуни 2021
Живата на термометарот секојдневно се искачува повисоко, а тоа ги мами луѓето да бидат пораздвижени, спремни за дружба во секое време, независно дали станува збор за забава во парк, на планина или покрај некоја река, уживање на плажа, покрај море или езеро. Летото дефинитивно е идеален период за патувања и излети на отворено, а за тој период да биде уште поубав потребно е да се зачини со вкусна храна и чашка со омилениот пијалак.
Бенефитите од времето поминато на свеж воздух се доста познати, а покрај подобрувањето на здравјето, се подобрува и расположението. Оброците на отворено бараат многу малку планирање и истите може да бидат едноставни и елегантни колку што сакате. Дури и најобичните сендвичи за пикник може да бидат ремек дело на кулинарска уметност.
Пикникот како ретро активност е секогаш одличен избор кога не сакате премногу да ги комплицирате работите и на најинтересен начин да го искористите секој убав и сончев ден. Иако друштвото е најважно, вкусната храна игра исто важна улога во организирањето на убав и забавен пикник.
Изминатиот викенд food блогерот Cooking with Branko, заедно со неговите пријатели VEMILK, направи неверојатен излет и сподели неколку фотографии со предлог за лесна и брза подготовка на пикник храна.
Сѐ што треба да направите е да го земете мекото ќебенце, да ја наполните корпата со највкусните сирења и кашкавали од VEMILK и да се упатите во најблискиот парк. Разбудете ги сетилата со уникатните вкусови и ужувајте во префинетите вкусови на производите на VEMILK.
За повеќе информации за производите на VEMILK, посетете ја веб страната или фан-станата на Facebook.