Млекото, здравјето и сите придобивки од млекото
- Детали
- четврток, 10 јуни 2021
Нутритивната вредност на млекото е комплексна и сеопфатна затоа што млекото ги содржи скоро сите нутриенти кои се потребни на организмот.
Mлекото е извор на многу важни витамини и минерали и со само една чаша млеко дневно се внесува значаен дел од потребните дневни дози. Една чаша млеко од 240 мл содржи, калории 149, вода 88%, протеини 8 гр, јаглени хидрати 11,7 гр, шеќер 12,3 гр и масти 8 грама. А од витамините и минералите претставени во проценти од просечната дневна доза, млекото содржи калциум - 28%, витамин Д - 24%, витамин Б2 (рибофлавин) - 26%, витамин Б12 - 18%, калиум - 10%, фосфор - 22% и селен - 13%. Покрај споменатите хранливи материи, млекото содржи и витамин А, цинк, магнезиум и витамин Б1.
Хранливата предност на млекото посебно се однесува на селенот и витамини Б12 и Д, кои генерално се внесуваат значително помалку отколку што се потребни. Исто така, важно е да се истакне дека витамините Б играат важна улога во правилните когнитивни функции на нашето тело. Тие влијаат на меморијата, а нивниот недостаток може да биде еден од факторите што доведуваат до деменција. Посебно витамините Б1 и Б12 влијаат на невролошките процеси и промените на расположението, што може да доведе до депресија. Затоа, присуството на витамин Б во млекото е уште една од здравствените придобивки што ги има. Внесувањето на витаминот Д3 е исто така важно, како еден од клучните хранливи состојки за зајакнување на имунитетот и директното влијание на апсорпцијата на калциум во организмот.
Имајќи ја предвид важноста од внесување на сите потребни витамини и минерали, се почеста практика е создавање млека чиј состав е дополнително збогатен со витамини и минерали, како што е Битолското млеко со 10 витамини. Додадените витамини А, Е, Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9, Б12, Д3, се избрани според нивната неопходност во потребното дневно внесување во организмот.
Хранлива вредност на млекото е неспорна и со ваков збогатен состав млекото е храна што има значајна улога во зајакнувањето на имунитетот на нашиот организам. Токму комбинацијата и разновидноста на хранливите материи, а особено витамини и минерали, присутни во млекото се одговорни за функцијата на млекото во нашето тело.