Стручното образование нуди многу можности и перспективи – едногласни се родителите на учениците од средните стручни училишта ширум земјата

Учениците и нивните родители воопшто да не се двоумат дали да изберат средно стручно образование“, порачуваат родителите на учениците запишани во средните стручни училишта ширум земјата, споделувајќи ги своите позитивни искуства.

struchnoto-obrazovanie-nudi-mnogu-mozhnosti-i-perspektivi-ednoglasni-se-roditelite-na-uchenicite-od-srednite-struchni-uchilishta-shirum-zemjata-01.jpg

Овие денови, актуелни се уписите во средните училишта. Изборот на средно училиште е особено важен за учениците, но и за нивните родители, кои сакаат да ги поддржат своите деца да стекнат квалитетна основа, да се образуваат во области кои се перспективни и кои ќе им помогнат да градат кариера во професијата којашто ја сакаат.

Родители на средношколци запишани во повеќе стручни училишта во земјата, велат дека се особено задоволни од наставните програми и праксата преку којашто нивните деца се остручуваат, од професорите, но и воопшто, од условите кои средните стручни ги нудат, охрабрувајќи ги родителите на учениците кои сега се запишуваат во средно, без двоумење да изберат стручно училиште.

„Како родител немав никакви дилеми при изборот и одлуката на моето дете своето средно образование да го продолжи во стручно училиште. Го поддржав и му посочив дека со завршувањето на стручно образование, тој ќе стане квалификувана личност, со стекнато звање и професија и на тој начин ќе биде подготвен да придонесува во општеството во сферата во која се образувал“, вели Гордана Мирчевска, родител на ученик запишан во хемиско-технолошка струка во средното стручно „Димитрија Чуповски“ од Велес, како техничар за заштита на животна средина.

struchnoto-obrazovanie-nudi-mnogu-mozhnosti-i-perspektivi-ednoglasni-se-roditelite-na-uchenicite-od-srednite-struchni-uchilishta-shirum-zemjata-04.jpg

Таа додава дека стручното образование нуди мобилност, иновативност, конкурентност, транспарентност и квалитетна соработка со компании кои имаат за цел да вработуваат млади луѓе, кои пак ќе можат се реализираат професионално, како самостојни и независни индивидуи.

Лидија Анѓелкова, родител на ученик од трета година, запишан во средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“, истакнува дека е задоволна од концептот на дуалното образование токму поради знаењата и вештините кои нејзиното дете ги стекнува.

„Преку дуалното образование детето се стекнува со учење на училиште со врвни професори, а исто така се стекнува со пракса којашто се одвива во компанијата во којашто е предодреден. Ми се чини дека таа пракса е премногу значајна, затоа што децата целиот процес што се врши таму го следат“, вели таа.

Родители за Учи паметно работи стручно

👩‍💼„Родителите воопшто да не се двоумат при изборот за средно стручно образование, бидејќи техничките училишта нудат занает и поголеми можности за вработување“. Лидија Анѓелковска, мајка на ученик од III година во СОУ „Св. Наум Охридски“ од Охрид со препорака за дуалното образование, преку кое се стекнуваат знаења и вештини со кои учениците ќе ја изградат својата иднина. Погледнете го видеото👇

Posted by Учи паметно работи стручно / Mëso me mençuri puno me profesionalizëm on Monday, May 31, 2021

Со принципот на дуално образование, учениците добиваат пракса во локалните компании, според струката и профилот за кој се образуваат, но дел од практичната настава се спроведува и во кабинетите, кои располагаат со современа опрема и услови за квалитетен воспитно-образовен процес.

struchnoto-obrazovanie-nudi-mnogu-mozhnosti-i-perspektivi-ednoglasni-se-roditelite-na-uchenicite-od-srednite-struchni-uchilishta-shirum-zemjata-02.jpg

Валентина Пеливанова, родител на ученик од трета година во ССОУ „Никола Карев“ од Струмица, вели дека топло им препорачува на родителите кои сè уште имаат дилеми во кое средно да го запишат своето дете, да изберат стручно училиште, бидејќи учениците од овие училишта се стекнуваат и со практични знаења кои по завршувањето на образованието можат да се јават на пазарот на труд како подготвен стручен кадар.

„Од друга страна, оние ученици коишто ќе завршат средно стручно, а ќе одлучат своето образование да го продолжат на некој од техничките факултети во нашата држава, воопшто нема да имаат тешкотии во совладувањето на наставните програми“, завршува таа.

struchnoto-obrazovanie-nudi-mnogu-mozhnosti-i-perspektivi-ednoglasni-se-roditelite-na-uchenicite-od-srednite-struchni-uchilishta-shirum-zemjata-03.jpg

Кампањата за проектот „Учи паметно, работи стручно“ која Министерството за образование и наука ја спроведува во соработка и со поддршка од проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ (Е4Е@мк) и Швајцарската агенција за развој и соработка, има за цел да ја подигне јавната свест за средното стручно образование како одлична можност за младите, но истовремено и да информира за неговата важност за развојот на локалните економии преку унапредување и усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg