ИутеКредит Македонија донираше маски и заштитна опрема на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“
- Детали
- вторник, 08 јуни 2021
Иако епидемијата на Ковид 19 во земјава стивнува, здравствените работници сé уште секојдневно се изложени на ризик од оваа болест.
Како активен поддржувач на напорите кои ги прават здравствените работници во справувањето со вирусот, ИутеКредит Македонија денес донираше заштитни маски и опрема на Клиниката за гастроентерохепатологија во рамките на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Донирани беа повеќе од 10 000 заштитни маски и дополнителна заштитна опрема која на медицинските лица во најголемиот клинички центар во земјава ќе им овозможи повеќе ресурси за справување со Ковид-19.
Донацијата ја прими директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија Д-р Калина Гривчева Старделова која ја поздрави оваа акција и порача дека ова е одличен пример за општествена одговорност на компаниите.