Зошто калциумот, железото и витаминот Д се важни за децата?
- Детали
- среда, 02 јуни 2021
Во секојдневните потреби на детскиот организам и динамичен раст посебно важна улога имаат калциумот, железото и витаминот Д. Зошто овие три елементи се важни за децата и неопходни за нивното здравје?
Калциумот, како и витаминот Д се главните хранливи материи за нормален раст и развој на коските кај децата.
Витаминот Д функционира како поддршка на имуниот систем, значаен за негово нормално функционирање кај децата.
Железото има голема улога во транспорт на кислородот во телото и когнитивниот развој кај децата.
Овие состојки се дел од детскиот леб Тости, кој во својот состав содржи над 30 отсто од препорачаниот дневен внес на калциум, железо и витамин Д кај децата.
Огромни се придобивките од консумирањето на овие три елементи. Од здравствен аспект, тие се клучни за подобро функционирање на човечкиот организам, а се задолжителни при развојот на секое дете. Токму затоа лебот Тости, освен со неодоливиот вкус на путер и ванила, примамлив за децата, со ваквиот состав е вистинскиот избор за здраво и напредно детство.