До финансиска кондиција, со Сава пензиско инвестиција! Месец на пензиско советување со Сава пензиско друштво
- Детали
- петок, 21 мај 2021
Како дел од своите континуирани активности за едукација и промоција на капитално финансираното пензиско осигурување , Сава пензиско друштво а.д. Скопје во периодот од 17.05.2021 година до 11.06.2021 година ќе спроведе едукативна кампања „Месец на пензиско советување“, во и пред продажните места на нашите деловни соработници, Сава осигурување а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.
Во овој период, наши лиценцирани агенти ќе Ви бидат достапни на рекламни пултови за да Ви дадат правилен совет за пензиско штедење и за градење на финансиска кондиција, прилагодени на Вашите потреби и очекувања, а истовремено сите наши агенти вработени во останатите продажни места на Деловните соработници ќе понудат советување за задолжителното и доброволното пензиско осигурување за сите заинтересирани постоечки и потенцијални членови на пензиските фондови.
Исто така, ќе имате можност и да ажурирате податоци, да добиете извештај за пензиска заштеда, податоци за пристап на мобилната апликација Сава пензиско план и проверка дали сте член на некој од нашите пензиски фондови.
Ве покануваме да ја искористите можноста и во “Месецот на пензиско советување“ лично да се информирате за сите информации поврзани со задолжителното и доброволното пензиско осигурување.
Распоредот на продажните места (експозитури) каде нашите тимови ќе бидат достапни на одредена дата го имате на следниот линк , додека пак листата на сите наши продажни места (експозитури на нашите Деловни соработници каде имаме овластени агенти) е континуирано објавена на овој линк.
Посетете ги и нашите профили на социјалните мрежи, каде можете да се информирате за значењето на создавање финансиска кондиција за пензионерски денови.