Вистинската еко-достава пристигна! Добијте ги вашите пратки во рок од најмногу два часа!

Во чекор со сите светски трендови, Бизнис Деливери 10 од неодамна официјалано започна со експресна еко достава на реонот на Град Скопје.

vistinskata-eko-dostava-pristigna-dobijte-gi-vashite-pratki-vo-rok-od-najmnogu-dva-chasa-01.jpg

Бизнис Деливери 10, како опшествено одговорна компанија, поради огромните придобивки кои придонесуваат за заштита на животната средина ја врши експресната достава со целосно електричните возила, BMW i3 и Renault ZOE, истовремено задоволувајќи ги потребите на клиентите за побрзо примање и доставување на пратките во рок од два часа откако ќе биде преземена пратката.

Како компанија која максимално е посветена да ги задоволи потребите на клиентите, истовремено посветувајќи се постојано да воведуваат нови и иновативни идеи во чекор со сите светски практики, во насока на подобрување на квалитетот на доставата на пратките, обезбедуваат безбеден и сигурен прием и третман на пратките, поголема ефикасност во работењето, брзина на услугите, точност и исполнителност.

vistinskata-eko-dostava-pristigna-dobijte-gi-vashite-pratki-vo-rok-od-najmnogu-dva-chasa-02.jpg

„Инвестираме во најнови електрични возила со високи еко-стандарди со цел да овозможиме брза, безбедна и квалитетна достава, а самото тоа води кон среќни и задоволни клиенти. Иднината е во електричните возила. Покрај сериозните придобивки за заштита на животната средина и помалата потрошувачка на енергија, Бизнис Деливери 10 вложува во своите услуги и ги носи светските трендови поблиску до Вас“ велат од Бизнис Деливери 10.

Доколку имате потреба од експресна еко достава, можете да дознаете повеќе на http://www.delivery10.mk или на еден од телефонските броеви за контакт 071/311 -001 или (02) 3 113 113.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg