Зошто да не чувате пари под перница и како да не останете без тоалет хартија – Сашко Коцев го има одговорот (видео)
- Детали
- петок, 21 мај 2021
Дали сте тип на човек што чува пари под перница, под душек или скриени во чорапи? Сашко Коцев на забавен начин ќе ви објасни зошто не треба да го правите тоа и ќе ви даде уште неколку совети...
Во новата соработка на Сашко Коцев и Халкбанк, преку забавниот серијал HalkTalk се опишани секојдневните ситуации во кои секој се нашол барем еднаш во животот, а потенцирана е потребата од користење на банкарските услуги на духовит начин.
Халкбанк на кул начин преку видеата со Сашко Коцев им ги доближува на своите (и потенцијалните нови) клиенти услугите кои ги нудат и покажува зошто е потребно истите да се користат.
Од штедење пари до онлајн купување и користење на златни картички – Халкбанк се грижи за своите клиенти, им овозможува одлични услуги, а притоа гради пријателски однос со нив.
Серијалот HalkTalk е доказ за тоа, а во продолжение погледнете неколку од нивните кул видеа.
Колку пати ви се случило доцна да сфатите дека нешто недостасува во домот?
Знаеме, тешко е да се најде време да испазарите среде ден со динамичното темпо на живот. Сашко има одличен пример зошто треба да практикувате онлајн шопинг...
На сите ни е дојдено преку глава од чекање ред во банки или разни институции само за да платиме сметка...
Онлајн плаќање сметки додека правите и пиете кафе? Или додека чекате да се подготви ручекот? Сашко кажува ДА.
Колку и да ви личи непотребно, штедењето е секогаш пожелно и тоа добро е да почнете што порано.
Ако вие не сте имале можност, дајте му шанса на вашето дете да има безгрижен живот со детското штедење во Халкбанк. Научете го од мало да биде штедач. Сашко ова го одобрува...
Чувате пари под перница или душек?
Време е да им кажете збогум на старите навики и да ја препуштите оваа работа на вашата банка. Во видеото имате причина плус да престанете да ги криете парите по дома...
Преморени сте од целата ситуација, се ближат летните одмори и очајно ви е потребно кратко бегство?
Не очајувајте и опуштете се - Халкбанк нуди златна картичка со највисок лимит и најниски месечни отплати. Не прикажувајте лажна слика, Сашко ќе ви покаже зошто...