Светски играчи се приклучија на Роналдо и Меси на поканата од Mozzart и подарија дресови за помош на малиот Гаврило
- Детали
- вторник, 18 мај 2021
Mozzart понуди почетна цена од 500.000 динари за секој дрес
Комплетна офанзива за победата на Гаврило - после Роналдо и Меси, дресови за лицитациите на Mozzart испратија и најголемите регионални фудбалски sвезди: Лука Модриќ, Един Џеко, Миралем Пјаниќ, Анте Ребиќ, Марко Рог ... потоа Никола Максимовиќ од Наполи, благодарение на чие големо срце во акцијата се придружија и неговите соиграчи Калида Кулибали, Дрис Мертенс и Диего Деме!
Шампионатите во најсилните лиги се при крај, но асовите на Реал, Барселона, Јувентус, Милан, Наполи, Рома, Џенова... се здружија во борбата за една повисока цел - животот на осуммесеченото бебе од Србија кое боледува од спинална мускулна атрофија, за чие одење на лечење во САД, во јуни, се потребни уште околу 800.000 евра.
Аукциите од потпишаните Кристијанова седмица и Леова десетте донесоа нови 2.400.000 динари во фондот, а овој пат Mozzart понуди почетни цени од по 500.000 динари за дресовите кои за малиот Гаврило ги испратија мајсторите со големо срце. Аукцијата трае до понеделник, 24 мај, во 12 часот.
Мајката на Гаврило, Невена Ѓурчевиќ, испрати јавен апел за помош на нејзиниот син.
- Болницата од Унгарија ни се обрати со известување за слободниот термин за мај. Имено, се работи за тоа Гаврило да може порано да прими генска терапија, а лекарите се изрeчни во тоа дека тој треба да прими золгенсем што е можно поскоро. Добивме повик тоа да биде на крајот на мај и не би сакале тоа да го пропуштиме. Болеста е таква, што побрзо се прими терапијата, резултатите би биле подобри. Ако парите се соберат сега, би го скратиле времето на примање терапијата за еден месец, а можеби и повеќе. Ние, како родители, навистина би сакале да ја искористиме оваа можност, поради Гаврило. Се надеваме дека можеме за ова кратко време да стигнеме до толку очекуваната цел – нагласи Невена Ѓурчевиќ.
Десетка од Реал или осмица од Барса? Деветката од Рома, во која со години бриjлира босанскиот дијамант или сувенир со грбот на Милан? Или можеби прекрасен дрес на Наполи?
Модриќ, Пјаниќ и Максимовиќ сега се на иста страна. Џеко и Ребиќ заслужуваат аплауз како да постигнаа хет-трик ... Со овој потег, светските асови го креваат целиот регион на нозе и ја шират пораката понатаму - за Гаврило, за неговата победа!
Таа се менува и преведува на различни јазици, но важно е само тоа штo има одек. Што веста кружи во светските медиуми. Да се вклучат што е можно повеќе луѓе, компании и организации. Некои преку СМС-пораки 973 на 3030 или со уплата на сметка, некои со купување на капитенска лента или опрема на хуманитарните лицитации, некои со испраќање поддршка и златно вредни дресови за лицитации. Сите заедно - за живот, како што е и називот на организацијата Јован Симиќ, која помага да се спроведе оваа тимска игра на дело.
Mozzart ги обедини Роналдо и Меси, а сега и Модриќ, Џеко, Пјаниќ, Ребиќ, Максимовиќ, Рог, Кулибали, Деме, Мертенс ...
Овој идеален тим составен од хумани играчи од ден на ден станува се посилен, што му дава сила на семејството Ѓурчевиќ, и го разгорува верувањето дека целата сума ќе биде собрана до крајот на месецот - неверојатни 2,5 милиони евра кои се потребни за да заминат на лечење во САД.
Голем дел од парите се собрани, но недостасуваат уште 800.000 евра.
Дресовите од старата дама, кралскиот и каталонскиот клуб, римскиот и миланскиот гигант во моментов вредат далеку повеќе од оние од официјалните продавници, бидејќи во тек е борбата за нешто што нема цена - животот на едно дете.
„За Гаврило, од срце“, напишаа Модриќ, Ребиќ, Пјаниќ, Рог, Максимовиќ, Кулибали...
Така и е.