Нови технолошки иновации во тутунската индустрија
- Детали
- понеделник, 10 мај 2021
Електронските уреди за загревање на тутунот се револуционерна направа и иновативен систем кои овозможуваат возрасните пушачи да ја задоволат потребата за никотин на помалку штетен начин.
Електронскиот уред IQOS на компанијата Филип Морис го претстави ова решение како одговор на растечката потреба да се преземе нешто во врска со загрижувачката долгогодишна светска пандемија на пушење, поттикнато од брзиот развој на модерната технологија и најновите научни откритија. Овие уреди се наменети за возрасните пушачи, кои и понатаму би продолжиле да пушат и важно е да се напомене дека не претставува производ без ризик.
Во споредба со цигарите, електронскиот уред кој го загрева тутунот претставува помалку штетна алтернатива на цигарите. Главната предност е во тоа што изложеноста на штетни материи значително се намалува, повеќе 90% помалку штетни соединенија кои продираат во човечкиот организам во споредба со традиционалното пушење на цигари со чад, а тоа е потврдено и со бројни истражувања и научни студии.
„Ако некој не може да се откаже од пушењето, треба да се охрабри да користи каква било алатка што е достапна за да се намали ризикот по неговото здравје. Точно е дека производите за намалување на ризикот од тутун се нови, а нивната долгорочна безбедност сè уште не е позната, но факт е дека тие ослободуваат пониско ниво на штетни материи во споредба со цигарите. Секако, овие производи треба да се користат како алатка за да им се помогне на луѓето да престанат да пушат, а не како замена за цигари“, изјави д-р Мајкл Тумбис, претседател на Кипарскиот институт за респираторни заболувања.
Со загревање на тутунот не се чувствува непријатниот мирис кој останува во просториите и се впива на нашата облека, кожа или коса. Никој не сака да мириса на цигари и оние кои пушат цигари, но и оние кои се наоѓаат во истата просторија со пушачите. Додека се загрева тутунот нема мирис, нема чад и пепел што е една од причините зошто овие уреди се поодбра алтернатива од цигарите.