Совети за правилна исхрана кај децата
- Детали
- вторник, 04 мај 2021
Кога е храната во прашање, основно за правилен раст и развој на децата е разновидниот начин на исхрана и внесувањето потребни хранливи материи, витамини и минерали. Но, често се случува децата да пребираат и да сметаат дека одредена храна е повкусна од друга и со тоа силно да инсистираат на истата. Затоа и родителите бараат начини како здравата храна да ја доближат до децата.
Лебот е секојдневен производ и претставува основен извор на јаглени хидрати, што доведува до обезбедување на потребната енергија на организмот, може да биде многу значаен при подобрување на цревната флора преку растителните влакна, а го одржува и нивото на шеќерот во крвта. Токму поради неговата нутритивна вредност се насочува вниманието кон создавање леб со состав што одговара на детските потреби. Овој тренд е присутен и кај нас, посебно кај производителите на леб кои имаат голема понуда производи од различен тип и за различни целни публики.
Од понудата на нашиот пазар ќе го издвоиме Тости од Жито Лукс кој е наменет за најмладите. Во него има додадени витамини и минерали, поточно, железо, калциум и витамин Д. Железото ја зајакнува крвта, ја зголемува концентрацијата, витаминот Д го подобрува функционирањето на имунолошкиот систем, а заедно со калциумот придонесува за цврсти и здрави коски и заби. Тости содржи над 30% од препорачаниот дневен внес на железо, витамин Д и калциум во 4 парчиња. Овој леб го задржува омилениот вкус на децата, путер, и е дополнително збогатен со ванила, идеален за вкусни ужинки.