Млади и познати личности во акција за подигнување на свеста за климатските промени кај младите

mladi-i-poznati-lichnosti-vo-akcija-za-podignuvanje-na-svesta-za-klimatskite-promeni-kaj-mladite-01.jpg

Во рамките на кампањата за активно вклучување во климатските акции „Млади во акција за брза реакција“, поддржана од UNDP и Министерството за животна средина и просторно планирање, во посебен фокус се ставени младите и зголемувањето на нивната свест за изворите на стакленичките гасови и потребата од ублажување на климатските промени со кои се соочува целата планета.

За таа цел, со особена гордост го претставуваме краткиот видео спот во кој учествуваат музичкото дуо Zee Bomb, блогерката Александра Трпеска Majestic, јога инструкторката Ивана Стаменковска, уметникот Енкел Дика и Princess Donatsu. Во него, тие ги едуцираат младите за промените што можат да ги внесат во својот животен стил и на тој начин да го дадат својот придонес во ублажувањето на климатските промени.

Поддржувачите на кампањата „Млади во акција за брза реакција“ нагласуваат дека климатските акции се особено потребни во периодот на пандемија. Иако емисиите на стакленички гасови бележат намалување поради редуцираното движење за време на полицискиот час, се очекува тие да достигнат брз пораст со рестартирањето на економијата, а напорите за декарбонизација да се соочат со сериозен удар.

За повеќе информации посетете ја веб страната https://klimatskipromeni.mk/.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg