Велигденска донација од 1 тон млеко од Бимилк за СОС Детско село

(Битола, 29.04.2021) – Велигденска донација на Битолска млекара за СОС Детско село. Во следните месеци вкупно 1 тон чоколадно млеко збогатено со 10 витамини ќе биде дел од трпезите на сејмените куќи во организацијата.

veligdenska-donacija-od-1-ton-mleko-od-bimilk-za-sos-detsko-selo01.jpg

При доставата на донацијата, што се реализира во склоп со мерките за претпазливост поради пандемијата со КОВИД, и повторно во духот на претстојниот празник, за децата од СОС Детско село беа донесени и црвени велигденски јајца.

veligdenska-donacija-od-1-ton-mleko-od-bimilk-za-sos-detsko-selo02.jpg

Битолска млекара преку честите донации во опрема и производи за СОС Детско село се докажува како посветен поддржувач на заложбите на глобалната хуманитарна организација за згрижување и обезбедување топол дом за секое дете.

veligdenska-donacija-od-1-ton-mleko-od-bimilk-za-sos-detsko-selo03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg