Мобилното банкарство на Халкбанк сега достапно и на AppGallery на HUAWEI
- Детали
- понеделник, 11 јануари 2021
Услугата мобилно банкарство на Халкбанк која овозможува корисниците да имаат увид во своите сметки и да вршат трансакции на брз и едноставен начин, сега е достапна и на AppGallery на Huawei.
Клиентите на Халкбанк, корисници на мобилни телефони Huawei, на овој начин ќе можат да ги вршат сите услуги на електронското банкарство - увид во сметки, платежни картички, кредити, извршување плаќање преку користење на ПП30 и ПП50 налози од своја трансакциска сметка, можност за креирање на сопствени шаблони за плаќање, лоцирање на најблиски банкомати и филијали, промена на лозинка и 24/7 телефонски контакт со банката.
Физичките лица со активна трансакциска сметка и дебитна картичка, преку мобилната апликација со својот мобилен телефон можат да вршат и повлекување готовина од АТМ на Халкбанк, како и да ја користат најновата услуга SmartSend која овозможува лесно префрлање средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик кој има активна сметка во Халкбанк и успешно активирана SmartSend услуга.
Апликацијата мобилно банкарство на Халкбанк е достапна на следниов линк.
AppGallery на Huawei постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од 170-те земји во кои работи компанијата е обезбедување на најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини.
Во портфолиото наAppGalleryсите апликации, кои се поделени во 18 категории, се развиваат со највисоко ниво на безбедност гарантирана преку механизам за верификација, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурност и заштита.
Официјалната платформа за преземање апликации на Huawei – AppGallery е во првите 3 продавници за глобални апликации, со над 500 милиони активни корисници месечно и истата нуди оптимизирани апликации кои работат на уредите Huawei за да се постигне поиновативно и интелигентно искуство.