НЛБ Банка го прослави својот 35 годишен јубилеј со голем акустичен концерт

Во услови на пандемија и неопходна физичка дистанца, НЛБ Банка го одбележа својот 35 годишен јубилеј на сосема поинаков и невообичаен начин.

nlb-banka-go-proslavi-svojot-35-godishen-jubilej-so-golem-akustichen-koncert-01.jpg

Со пораката „Сплотени преку музиката прославуваме заедно“ тие на македонската јавност и подарија целовечерен акустичен концерт со неколку од нашите најголеми музички ѕвезди. Со поддршка на македонската музичка сцена Банката упати уште една силна порака и ја покажа грижата за македонските уметници и нивната важност во услови на пандемија.

Концертот кој беше прикажан вчера вечер на Канал 5 телевизија, но и преку нивнитe официјални Фејсбук и Јутјуб канали, предизвика бројни позитивни реакции кај клиентите, соработниците и воопшто целата македонска јавност.

nlb-banka-go-proslavi-svojot-35-godishen-jubilej-so-golem-akustichen-koncert-02.jpg

Преку гитарските рифови на Влатко Стефановски, моќните женски вокали на Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ареа, и секогаш актуелните Нокаут, Банката се обиде да ја пренесе силната желба за заеднички да го прослави 35 годишниот јубилеј со сите свои вработени, клиенти и соработници.

На самиот залез од 2020 година кога на сите ни е јасно дека работите уште долго време нема да можат да се вратат во својата нормала, НЛБ Банка со овој музички подарок успеа да внесе во домовите ведрина, свежина и позитивен дух.

nlb-banka-go-proslavi-svojot-35-godishen-jubilej-so-golem-akustichen-koncert-03.jpg

nlb-banka-go-proslavi-svojot-35-godishen-jubilej-so-golem-akustichen-koncert-04.jpg

nlb-banka-go-proslavi-svojot-35-godishen-jubilej-so-golem-akustichen-koncert-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg