Што им е заедничко на Нов Зеланд, Јапонија, Шведска и Велика Британија?

Шведска ќе стане првата „земја без чад“ во Европа оваа година, а Нов Зеланд се стреми кон тој статус следната година. Јапонија и Велика Британија исто така прават големи чекори напред.

sto im e zaednicko na nov zeland japonija svedska i velika britanija

Успехот во овие земји е постигнат преку комбинација на владини иницијативи и поддршка за употреба на нови категории на никотински производи без чад наместо традиционални цигари.

Според дефиницијата на Светската здравствена организација, државата добива статус на „земја без чад“ кога стапката на пушење кај возрасните е под 5 проценти.

Швеѓаните го забранија пушењето во сите барови и ресторани од мај 2005 година, што беше одобрено од мнозинството швеѓани. Од друга страна, Шведска е позната по тоа што дозволува широка употреба на тутун и никотински производи за орална употреба, како и електронски уреди без чад. Проактивните и едукативните мерки на Шведска во јавното здравство, како и регулаторните рамки беа главните двигатели на транзицијата кон овие алтернативи, што значително влијаеше на подобрувањето на јавното здравје. Благодарение на ова, бројот на пушачи во Шведска падна од 15 на 5,6 отсто за 15 години, што резултираше со најниска стапка на болести поврзани со тутунот и прерана смрт.

За успехот на шведскиот пристап говори и фактот што Нов Зеланд го усвои нивниот модел и ја преполови стапката на пушење во земјата за само пет години. Неодамна, властите на Нов Зеланд ја преполовија акцизата за тутунските производи кои работат на принципот на загревање на тутунот. Соработничката на Министерството за здравство на Нов Зеланд, Кејси Костело, која нареди промена, рече дека таа го направила тоа со цел да ги охрабри луѓето што пушат да се префрлат на помалку штетни алтернативи. Граѓаните и властите на Нов Зеланд веќе знаат многу за стратегиите за намалување на штетите од пушењето. Во последниве години, земјата ги прифати електронските уреди како алатка за намалување на штети, а владата ги препорачува за оваа намена. Како што овие алтернативи се здобија со популарност, падот на стапката на пушење во Нов Зеланд се забрза. Во 2018 година стапката на пушење била 13,3 отсто, а во 2023 година паднала на 6,8 отсто. Владата на Нов Зеланд верува дека, благодарение на новите мерки, таа стапка ќе падне под 5 проценти веќе следната година.

Земјата на изгрејсонцето - Јапонија - е на листата на земји кои успеале драстично да го намалат бројот на граѓани кои пушат, благодарение на прифаќањето и примената на концептот за намалување на штети. Во 2000 година, 50 отсто од сите мажи и 33 отсто од возрасните пушеле во таа земја. Значајна промена се случи во 2015 година, кога продажбата на цигари почна да опаѓа пет пати побрзо отколку во претходните години. Причината беше широкото прифаќање на алтернативите без чад кои го загреваат тутунот.

Иако во последните месеци во јавноста се зборува за тоа како Велика Британија има намера да употреби дополнителни мерки за да го реши проблемот со цигарите и да спречи британското население да се разболува од болести поврзани со пушењето, малку е познато дека оваа земја беше меѓу првите во светот што го прифати таканаречениот концепт на намалување на штети, за кој, меѓу другото, се залага и Институтот за јавно здравје на таа земја. Податоците покажуваат дека во Велика Британија секоја година, во последните 10 години, од 30 до 50 илјади граѓани кои пушат ги оставиле цигарите и преминале на алтернатива без чад.

Искуствата на земји како Нов Зеланд, Јапонија, Шведска и Велика Британија се одлични примери од кои може да се научи, имајќи предвид дека тие некогаш имале алармантно високи стапки на пушење.

Клучниот фактор за успех во овие земји е комбинација на владини иницијативи и поддршка од заедницата, а не идеолошка војна против никотинот. Со прифаќање на алтернативи без чад, овие земји успеаја да пренасочат значителен дел од населението што пуши кон помалку штетни производи, ефикасно намалувајќи ја севкупната штета предизвикана од согорувањето на тутунот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg