6 сениорски балкански медали за каратистите на „Макпетрол“ од Балканското првенство во Будва, Црна Гора
- Детали
- понеделник, 03 март 2025
Заврши Балканскиот шампионат за сениори-ки кој се одржа во Будва Црна Гора. За Репрезентацијата на Македонија од сениорскиот тим на Макпетрол на ова елитно регионално првенство настапија со вкупно 5 (пет) спортисти. Тие беа најуспешни по број на освоени медали. Освоени се вкупно 6 (шест) медали од кои 1 (еден) златен 4 (четири), сребрени и 1 еден бронзен медал.
Четири медали се освоени во поединечните настапи, а два медали освоија девојките во екипниот дел за тимот во борби екипна конкуренција за репрезентацијата на Македонија.
Освојувачи на медали од Балканско првенство – К .К. Макпетрол - Скопје
На Балканското сениорско првенство кое се одржа викендов во Будва, Црна Гора, учествуваат 12 држави со 337 спортисти.
Тренерот на Макпетрол, Петар Заборски после завршувањето на Балканското првенство не го криеше задоволството од направениот успех. Не можеме да бидеме незадоволни, сите наши каратисти прикажаа модерно карате и максимална борбеност и желба за успех. Конкуренцијата беше голема и квалитетна , учество земаа многу повеќекратни европски и светски шампиони од балканските држави. Во тимот недостасуваа 5 (пет) стандардни репрезентативци од клубот, кои поради повреди и грип не можеа да дојдат во Будва. Постигнатиот успех сам за себе зборува дека ние како клуб имаме и многу поголем потенцијал и можности.
Во поединечните настапи првиот ден Јована Мицовска го освои единствениот златен медал за Македонија во дисциплина борби (-61кг). Потоа медали освоија следниве спортисти од Макпетрол.
Петар Заборски и Јована Мицовска (-61 кг), златен медал
Медали освоија:
- Јована Мицовска -61 кг златен медал
- Викторија Јoвановска -61 кг сребрен медал
- Ангела Мојсовска -68 кг сребрен медал
- Стефан Стојанович +84 кг сребрен медал
- Викторија Јовановска екипно тим сребрен медал
- Ангела Мојсовска екипно тим сребрен медал
Петар Заборски и Стефан Стојанович +84 кг сребрен медал
Женскиот тим во борби по освојување на сребрениот медал
Конкуренцијата на балканското првенство беше силна, пропозициите за учество дозволуваат да бидат пријавени најелитните и најдобро рангирани 4 спортисти од секоја држава во секоја категорија така да за освојување на медал потребни 4-5 последователни победи
Сите спортисти настапија за сениорската репрезентација на Македонија, вкупно имаше 12 држави, со 357 спортисти.
Резултати Балканско првенство за сениори на Макпетрол:
Балканска шампионка Јована Мицовска (-61 кг)
Јована Мицовска – Ника Бешлија (Хрватска) 5-4
Јована Мицовска – Јована Струјиќ (Црна Гора) 8-4
Јована Мицовска – Магдалена Божиновска 0-0
Финале
Јована Мицовска Викторија Јовановска 4-3
-61кг – сребрен медал
Викторија Јовановска – Миа Чачко (Хрватска) 0-0
Викторија Јовановска – Кристина Ѓоргевиќ (Србија) 2-1
Викторија Јовановска – Луција Батаија (Хравтска) 1-0
Викторија Јовановска – Миа Грета Зорко (Хрватска) 3-1
Финале
Викторија Јовановска – Јована Мицовска 3-4
-68 кг – бронзен медал
Ангела Мојсовска – Леа Вукоја (Хрватска) 8-5
Ангела Мојсовска – Бријана Маница (Романија) 8-1
Ангела Мојсовска – Дуња Рајиќ (Србија) 8-5
Ангела Мојсовска – Илма Рахмановиќ (БиХ) 4-7
За бронза
Ангела Мојсовска – Матеа Калмар (Србија) 2-1
+ 84 кг – сребрен медал
Стефан Стојановиќ – Душан Бјелиќ (Црна Гора) 3-3
Стефан Стојановиќ – Угљеша Пејовиќ (Србија) 3-0
Стефан Стојановиќ – Анџело Квесиќ (Хрватска) 4-3
Финале
Стефан Стојановиќ – Немања Јововиќ (Црна Гора) 4-4
Данило Божовиќ – Лука Вуковиќ (Србија) 0-4
Кумите тим жени:
За тимот на Македонија настапија Викторија Јовановска и Ангела Мојсовска освоија сребрени медали.
Македонија – Романија 2-0
Македонија – Косово 2-0
Финале
Македонија – Босна и Херцеговина 1-2