5 типови производи од лимитирани колекции кои заслужувате да ги поседувате

Во свет каде владее масовно производство, има некоја посебна убавина во тоа да поседувате некој производ од лимитирана колекција – тоа не е само обичен предмет, туку крие цела приказна зад себе, додава личен печат и ве прави посебни и уникатни.

5-tipovi-proizvodi-od-limitirani-kolekcii-koi-zasluzhuvate-da-gi-poseduvate-01.jpg

Луѓето кои сакаат да ја истакнат својата индивидуалност, не пропуштаат можности за купување на лимитирани колекции од предметите кои се нивна пасија и во кои се вљубеници.

Независно дали станува збор за модно парче или додаток од омилениот бренд во соработка со некој артист, или пак, ексклузивен гаџет – производите од лимитирана колекција додаваат посебна софистицираност и индивидуалност на вашиот животен стил.

Овие ексклузивни изданија, освен што претставуваат реткост и уникатност, всушност со текот на времето стануваат богатство бидејќи вие ќе го поседувате, а повеќе нема да може да се купи.

Па, доколку се пронаоѓате во овој опис, во продолжение погледнете неколку идеи за типови на производи од лимитирани колекции кои вреди да си дозволите да ги имате:

Луксузна чанта од лимитирана колекција или во соработка со артисти и повеќе брендови

Легендарните брендови за чанти често пуштаат во продажба модели од лимитирана колекција, кои може слободно да се наречат ремек-дела.

Купувањето чанта од лимитирана колекција на познат бренд е инвестирање во безвременски стил, па носете го со гордост она што освен чанта, претставува симбол на уметноста и луксузот.

5-tipovi-proizvodi-od-limitirani-kolekcii-koi-zasluzhuvate-da-gi-poseduvate-02.jpg
фото: depositphotos.com

Неповторливи рачни часовници за безвременски луксуз

Љубителите на рачни часовници и уникатен моден стил, часовникот не го користат само за да го проверат времето, за нив тоа е комбинација од практичност, луксуз и стил.

Па, доколку сакате да се истакнете во опкружувањето, да бидете посебни и да инвестирате не само во стилски аксесоар, туку и во нешто што може да биде финансиски вредно понатаму, вреди да си дозволите да поседувате уникатно дизајнирано парче од некоја лимитирана колекција часовници на најпознатите брендови, кои честопати прават соработки по повод значајни настани.

5-tipovi-proizvodi-od-limitirani-kolekcii-koi-zasluzhuvate-da-gi-poseduvate-03.jpg
фото: depositphotos.com

Дизајнерски патики во соработка со големи ѕвезди

Културата на носење патики во секоја модна варијанта еволуираше многу во изминатите години, а брендовите често лансираат соработки со познати лица кои се распродаваат во рекордно брзо време.

Па, доколку патиките се дел од вашиот личен печат, не се двоумете во вашата колекција да додадете по некој уникатен пар, кој е со непроценлива вредност, а е симбол за висока мода и неповторлив стил.

А, одлучете сами дали ќе ги носите или ќе ги чувате како ремек-дело изложено во домашниот музеј.

5-tipovi-proizvodi-od-limitirani-kolekcii-koi-zasluzhuvate-da-gi-poseduvate-05.jpg
фото: depositphotos.com

Рачно изработен или лимитиран накит за безвременска елеганција

Во светот на накитот, рачно изработените парчиња од лимитирани колекции се вистинско богатство и највисоко ниво на занаетчиство и уметност.

И најпознатите и престижни брендови за накит низ годините имале лимитирани изданија на персонализирани парчиња, кои со својот дизајн и изработка се доказ за нивната експертиза, а овозможуваат само еден или неколку личности да го поседуваат единствениот модел.

Лимитираниот накит пак, е нешто кое може како наследство да се пренесува на повеќе генерации и да биде вреден спомен за некое неповторливо време.

5-tipovi-proizvodi-od-limitirani-kolekcii-koi-zasluzhuvate-da-gi-poseduvate-04.jpg
фото: depositphotos.com

Лимитирана колекција IQOS во соработка со светскиот диџеј Steve Aoki

По повод една деценија успешна мисија во постигнување напредок кон свет без чад, годинава во Токио се случи ексклузивен настан na IQOS, каде беше промовирана соработката со светски познатиот диџеј Steve Aoki.

5-tipa-proizvodi-od-limitirani-kolekcii-koi-zasluzhuvate-da-gi-poseduvate_06_copy.jpg

Сите постоечки IQOS корисници и полнолетни пушачи кои сакаат да преминат на подобра алтернатива од пушењето може да ги израдува веста дека лимитираното издание IQOS ILUMA x Steve Aoki 10 Year Edition пристигна и во Македонија, а со тоа и можноста да бидaт дел од оваа уникатна приказна, бидејќи не станува збор само за обичен уред, туку уметничко дело, во кое се споени минималистичкиот и футуристички стил на IQOS, дополнето со логото на Steve Aoki, искомбинирано со смели неонски бои кои светат во темнина и симболизираат енергија, исто како неговата музика.

5-tipa-proizvodi-od-limitirani-kolekcii-koi-zasluzhuvate-da-gi-poseduvate_07_copy.jpg

Промо.текст: mk.iqos.com

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg