Адинг засадува за идните генерации: 7500 нови садници во околината на Скопје

По повод 55 јубилејни години, одлучивме да вложиме во нешто корисно за сите нас, наместо да организираме гламурозен настан. Ние сме производители од Македонија и внимаваме што ќе оставиме на идните генерации.

ading-zasaduva-za-idnite-generacii-01.jpg

Идејата за акцијата дојде како одговор на големите шумски пожари и проблемите со загадувањето и затоа овојпат ќе засадиме 7500 дрвца од видот Јасен, на површина од 3 хектари, во околината на Скопје.

ading-zasaduva-za-idnite-generacii-7500-novi-sadnici-vo-okolinata-na-skopje-02.JPG

Ова го правиме плански и во соработка со ЈП „Македонски Шуми“ и само во првите 20 години овие дрвја ќе апсорбираат околу 1500 тони CO₂ од атмосферата.

ading-zasaduva-za-idnite-generacii-7500-novi-sadnici-vo-okolinata-na-skopje-03.JPG

ading-zasaduva-za-idnite-generacii-7500-novi-sadnici-vo-okolinata-na-skopje-04.JPG

Инвестиравме и во сопствена фотонапонска централа, инсталирана на нашите фабрички кровови и со ова успеваме целото работење да го покриеме од сопственото производство на обновлива енергија. Акцијата е поттикната од нашите вредности – профитабилност, но и одржливост. Ние инвестициите ги гледаме и како обврска кон татковината и придонес за подобра иднина.

ading-zasaduva-za-idnite-generacii-7500-novi-sadnici-vo-okolinata-na-skopje-05.JPG

Како домашна компанија, имаме одговорност да вложуваме во Македонија и да ја направиме попријатно место за живот за сегашните и идните генерации. Тоа за нас претставува чесен и патриотски однос кон сопствената земја.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg