Да се грижиме една за друга, да си бидеме поддршка, да бидеме тука за себе и за најблиските: Нина Ред испрати убава порака за dm поткастот „Женски ритам“

Во јули, dm го лансираше својот сопствен поткаст ,,Женски ритам“, кој, како што вели неговото име – го следи ритамот на женското здравје: физичкото, менталното, менструалното и социјалното. Четирите епизоди поттикнуваат отворен разговор и се мотивација за жените да започнат да се грижат малку повеќе за себе.

da-se-grizhime-edna-za-druga-da-si-bideme-poddrshka-da-bideme-tuka-za-sebe-i-za-najbliskite-nina-red-isprati-ubava-poraka-za-dm-potkastot-zhenski-ritam-01.jpg

Ова лето, во dm е во знакот на темите кои се важни за нашата заедница и кои имаат за цел да поттикнат разговори за различните аспекти за добросостојбата на жените. Токму затоа, голем број на инфлуенсери на социјалните мрежи го споделија своето мислење за dm поткастот. Ninna Red објави интересно видео каде со своите пријатели заедно го гледаат поткастот. Таа вели: Многу обожавам кога некој ќе успее да нѐ сплоти повеќе, отколку што ќе нѐ раздели. Некој што ќе ни пружи рака, а нема да нѐ одмине и заборави. Некој што повеќе ќе нѐ насмее, отколку што ќе нѐ растажи. Животот е и онака доста предизвикувачки, а за топол збор не треба многу. Затоа да се грижиме една за друга. Да си бидеме поддршка. Да бидеме тука за себе и за најблиските. За сите нас, а знам, ние можеме многу повеќе од ова.

Доколку сѐ уште не сте ги изгледале четирите епизоди од #dmPodcast, сега е вистинското време! Пронајдете ги сите епизоди на YouTube каналот на dm, а следете ги за да бидете во тек со сите останати изненадувања кои тие ги подготвуваат во наредниот период!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg