Запознај се со берлинската кооперација – späti

Späti се мали продавнички, кои иако потекнуваат од Источен Берлин, сега веќе се распространети низ целиот град. Според Би-би-си, овие продавнички „владеат“ со градот и се еднакво берлински како и добро познатата техно-музика.

zapoznaj-se-so-berlinskata-kooperacija-sp-ti-01.jpg

Нивното скратено име späti (шпети) потекнува од зборот spätkauf што значи „пазарење доцна“.

Тие продаваат сѐ што би му било неопходно на некој што сред ноќ би отишол да пазари: цигари, ладни сендвичи, основни домаќински производи, а познати се и по „пивата за по пат“ или wegbier, кои чинат едно евро.

zapoznaj-se-so-berlinskata-kooperacija-sp-ti-04.jpeg

Пред речиси секое шпети може да се најдат маси и клупи каде што сите потрошувачи се добредојдени. Во типичен берлински стил, овие маси се делат, а тие се и супер место за да дознаеш каде има супер журка вечерта или можеби да се здружиш со локалци.

Овие продавнички се есенцијален дел од берлинската култура и честопати во нив можете да наидете на клупско осветлување, гласна електронска музика, а понекогаш дури и изведби во живо.

zapoznaj-se-so-berlinskata-kooperacija-sp-ti-03.jpeg

Како и во секоја кооперација, продавачите добро ги паметат посетителите, па затоа овие продавнички се една од омилените активности на локалното население. Неофицијално дознавме и дека постои силна конкуренција помеѓу овие продавнички. Тие се обидуваат да се надминат меѓусебно со тоа што ќе ја збогатат понудата, но и изгледот на самиот локал.

Шармот на овие мали продавнички е очигледен и привлечен, а сега може да се случи конечно да ги посетиш и да имаш убави спомени. Наградната игра на Шпаркасе Банка за сите млади со пакет Vibe On, може да те одведе и во Амстердам, кој, пак, со својот шарм, остава поинакви и интересни впечатоци врз посетителите. Дознај повеќе на sparkasse.mk и подготви се за патувањето што ќе го паметиш.

zapoznaj-se-so-berlinskata-kooperacija-sp-ti-05.jpeg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg