Август – месец на одмори, но и на осигурување на домот

Топлото време и интензивното сонце во последните месеци ни ја зголемуваат желбата за уживање на плажа, а токму во август плажите се преполни и најголемиот дел од луѓето го користат овој месец за да отидат некаде на одмор. Но, ако одморот ви е личен приоритет, не значи дека треба да заборавите на другите важни работи кои ги оставате дома кога заминувате некаде. Пред да заминете на одмор, осигурајте го домот.

avgust-mesec-na-odmori-no-i-na-osiguruvanje-na-domot-01.jpg

Откако ќе изградите, купите или наследите свој дом, лесно е да се занемарат сите останати работи кои го прават домот безбеден. Меѓутоа, често се случува првата незгода да ни ги отвори очите и да не’ натера да бидеме поодговорни.

Навистина е впечатлив фактот што во Македонија помалку од 7% од вкупниот број на домаќинства се осигурани, додека ситуацијата кај земјите соседи и општо на Балканот е доста поразлична.

Во Хрватска речиси ¾ од домаќинствата имаат полиса за осигурување на имот, додека просекот во регионот на Централна и Источна Европа е околу 42%. Во поразвиените земји од Европската Унија, пак, процентот на осигурани домови е нешто над 95%, што само го покажува степенот на свесност кај популацијата за заштитување на она што го поседуваат.

Секако, свесноста и одговорноста не се единствените фактори. Големо влијание има и стандардот, кој кај нас е нешто понизок отколку во горенаведените земји и региони, но и нивото на информираност околу придобивките и заштитата која ја нуди осигурувањето на домот.

avgust-mesec-na-odmori-no-i-na-osiguruvanje-na-domot-02.jpg

Особено во летниот период, кога заминувате на годишен одмор и отсуствувате од домот подолго време, важно е да го заштитите вашиот имот од непредвидени ситуации и незгоди кои би можеле да ви причинат финансиска штета или пак да ви го расипат одморот. Со полисата за осигурување на домот, не ја заштитувате само градбата – туку и сето она што го поседувате внатре во неа: облеката и накитот, електричните уреди, книгите и сликите и сите драги сеќавања што сте ги собирале со години. Едноставно, осигурувањето на домот значи дека се грижите за она што сте го створале целиот живот и дека сте свесни дека не сакате да ги изгубите туку-така.

Затоа и оваа година, пред да тргнете на одмор, направете се’ што е во ваша моќ за да отпатувате со мирен ум и навистина да се опуштите кога ќе пристигнете на плажа. Полисата за осигурување на имот чини само еден мал процент од она што би го платиле за убав одмор, па затоа е логично да уплатите за неа уште денеска и да влезете во месец август осигурани и спокојни, за добар крај на летото.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg