Колку пробиотиците се битни во летниот период
- Детали
- сабота, 10 август 2024
Пробиотскиот јогурт се издвојува како еден од најдобрите пристапи за подобрување и одржување на здравјето на цревата. Се смета за функционална храна која е полна со живи и корисни бактерии што го поддржуваат дигестивниот систем и целокупното здравје на телото.
Пробиотиците се живи микроорганизми кои имаат многу здравствени придобивки. Го зголемуваат присуството на добри бактерии и играат клучна улога во одржувањето на здрава и урамнотежена цревна флора. Затоа функционалната храна збогатена со пробиотици се повеќе се препорачува за промовирање на целокупното здравје.
Без разлика дали сакаме да го подобриме функционирањето на нашиот имунолошки систем, да го намалиме ризикот од болести, да го подобриме здравјето на цревната флора, со редовно внесување на пробиотиците во нашата дневна рутина, нашето целокупно здравје ќе има бенефит.
Редовното консумирање на функционална храна може да помогне во одржување на урамнотежена цревна флора, што е од клучно значење за ефективна апсорпција на хранливи материи и за подобрување на менталното здравје, зајакнување на имунолошкиот систем и намалување на ризикот од разни инфекции.
Јогуртот со пробиотик се издвојува како еден од најдобрите пристапи за подобрување и одржување на здравјето на цревата, за здравјето на срцето, зајакнување на имунитетот. Како функционална храна која што нуди повеќе од основна хранлива вредност и здравствени придобивки произлезени од составот се смета и јогуртот со пробиотици Баланс+.
Баланс+ влијае врз дигестивниот систем со уникатниот Bifido Digestio комплекс – комбинација од двете пробиотски култури, Lactobacillus acidophilus LA и Bifidobacterium BB и пребиотикот олигофруктоза. Позитивното влијание на јогуртот врз дигестивниот систем е потврдено преку клинички испитувања.
Редовното консумирање на Баланс+ пробиотски јогурт за само 10 дена може да доведе до значително подобрување на дигестивните функции. За најдобри резултати, се препорачува да се консумираат 500 грама Баланс+ дневно, поделени на два оброка - еден за појадок и еден за вечера.
Освен Баланс+ јогуртот, пробиотски бактерии содржат и некои ферментирани производи од соја, кефир, но и кисели краставички или кисела зелка. Кефирот како млечен производ сличен на јогуртот, исто така се добива со ферментација на млеко и содржи голем број пробиотици, па затоа се смета за одличен природен извор на добри бактерии.
Летото со себе носи непријатности кои најчесто се последица на зголемени температури, патувањата и поминување повеќе време на отворено. Затоа, консумирањето повеќе храна богата со пробиотици може да помогне да се намалат тегобите посебно на дигестивниот систем и посебно во услови на високи летни температури.