Како до бонус поени на Visa Vita и Mastercard Credit Contactless на Halkbank?
- Детали
- вторник, 06 август 2024
Промотивен период за секој што сака нова кредитна картичка од Халкбанк. Првите апликанти добиваат бонус поени со апликацијата.
Зошто условите во Халкбанк се подобри? Затоа што сопствениците на овие картички добиваат и дополнителна можност за повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје. Како плус придобивка се и 10% пониски цени при купување полиси за доброволно осигурување од Халк осигурување.
Двата вида картички се револвинг кредитни картички што значи дека немаат ограничување на лимитот во бројот на плати и даваат можност за користење и пристап до средствата од револвинг кредитниот лимит 24/7, а секој месец се плаќа само 5% од вкупниот долг. Со нив, исто така може да се плаќа до 60 рати без камата, кај над 800 партнери на банката.
Картичките поседуваат највисоки стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code). Картичките се меѓународни и поддржуваат интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни и за истите се добива мејл известување за секоја направена трансакција.
Во промотивниот период до 31.12.2024 сите нови Visa Vita и Mastercard Credit Contactless кредитни платежни картички се со фиксна каматна стапка од 6,6%, а во овој период првите 1000 апликации за овие картички поднесени во филијала добиваат 1000 бонус поени, додека пак, првите 500 апликации преку е-банкинг добиваат 2000 бонус поени.
А како се добиваат бонус поени? При плаќањето со нив на ПОС терминали на Халкбанк во пре-дефинирани периоди на различни типови продажни места објавени од страна на банката, се собираат бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен е еднаков на 1 денар, собраните средства можат да се искористат при идни плаќања во мрежата на ПОС терминали на Халкбанк.
Аплицирањето за Visa Vita и Mastercard Credit Contactless картичките може да се направи во било која филијала на банката, онлајн преку веб страната на Банката или преку електронското или мобилното банкарство на Халкбанк.