5 прекрасни дестинации на Балканот за незаборавна летна авантура
- Детали
- петок, 09 август 2024
Котор е прекрасен спој на историја и модерно, Крф воодушевува со венецијанската архитектура, во Будва ќе ги посетите најдобрите забави...
Ако сте од оние кои не сакаат летниот одмор да го поминат на една иста плажа, тогаш ви се потребни места кои нудат нешто повеќе од само лежење.
И за тоа нема потреба да одите предалеку, токму Балканот и околните земји нудат незаборавно летно искуство.
Шармантни градови со богата историја и места за шетање и истражување, плажи со дневни забави, но и ноќен живот...
Предлози за вашата следна летна авантура:
Котор, Црна Гора
Црногорски град, кој е прекрасен спој на историја и модерно – можете да шетате по стариот град и да се возвишите културно, уживајќи во прекрасни крајбрежни пејзажи и архитектура, а и да се впуштите во авантури за незаборавни летни спомени.
фото: depositphotos.com
Будва, Црна Гора
Будва е еден од најпопуларните летни градови за забава и најпосетени туристички центри на Балканот.
Освен добра дневна забава на плажа и неверојатен ноќен живот, овој град има богата култура, историја стара со векови, тврдини и уникатна архитектура.
фото: depositphotos.com
Охрид, Македонија
Нашиот прекрасен бисер, исполнет со богата историја и културно наследство, природни убавини и смарагдно-зелени води на езерото.
Град каде може да шетате и да истражувате знаменитости, да се воодушевувате на архитектурата, да уживате на дива и мирна плажа или во бич бар, но и да се забавувате во многуте локали со богат ноќен живот.
фото: depositphotos.com
Крф, Грција
Честопати го нарекуваат најубавиот од грчките острови заради прекрасните зелени пејзажи, но покрај прекрасните плажи и кристални води, стариот град Крф има да понуди многу повеќе.
Оние кои сакаат да шетаат и да истражуваат шармантни гратчиња ќе се вљубат во уникатната венецијанска архитектура, слатките планински селца, турите со брод до уникатни места и сите убавини кои нема да ве остават рамнодушни.
фото: depositphotos.com
Дубровник, Хрватска
Дефинитивно еден од најубавите градови во Хрватска и пошироко, со историски згради, ѕидини на тврдини стари со векови по кои може да шетате, неверојатни глетки од високо кон морските широчини, шармантни улички, но и прекрасни плажи со кристално чиста вода.
Иако во текот на летните месеци улиците на Дубровник се преплавени со туристи, сепак има посебен шмек и вреди да се посети за летна авантура.
фото: depositphotos.com
За неколку од овие дестинации, IQOS корисниците дополнително може да ја искористат опцијата која ја нуди IQOS CLUB, односно можноста за преземање на ваучери за искуство на различни локации: Котор, Будва, Охрид.
Секој регистриран IQOS корисник може да се најави на IQOS CLUB и да преземе еден ваучер по избор, за незаборавна летна авантура.
Промо. текст: mk.iqos.com