Јули во Литл Ми: Експлозија на креативност, забавни летни активности и детски насмевки
- Детали
- вторник, 30 јули 2024
Скопје, 29.07.2024 – Приватната детска градинка Литл Ми е препознатлива по одличната воспитно-образовна програма, соодветно прилагодена за секоја возрасна група, како и по многубројните задоволни родители и среќни дечиња. Секој ден поминат во Литл Ми, за децата значи нова авантура, исполнета со едукативни игри, креативни работилници, многу насмевки и откривање нови светови.
Летните месеци и топлите денови, беа дополнителна инспирација за тимот на Литл Ми и токму затоа, малите истражувачи месец јули ќе го паметат по секојдневните забавни активности и безгрижните дружби.
Сите Литл Ми другарчиња, на оригинален начин му посакаа добредојде на јули со песок, школки и бранови, создавајќи свое мало море. А само неколку дена подоцна, дознаа какви „тајни“ крие океанот. На возбудата и љубопитноста им немаше крај, затоа што воспитувачите на одличен интерактивен начин ги запознаа со морските длабочини и живописниот подводен свет. Исто така, имаа можност барем на еден ден да ја доживеат улогата на капетан и да управуваат со чамци направени од рециклирани картони, водејќи грижа и за животната средина.
Литл Ми е симбол за среќно детство, затоа што покрај сите летни авантури и доживувања, една од најважните цели на тимот е градење здрави навики и негување спортски дух . Токму затоа, децата во текот на овој месец, активно учеа и совладаа одлични физички вештини преку разни активности.
Часот по јога го привлече нивното внимание и сите дечиња со уживање ги запознаа и ги применуваа основните јога-вежби, а Литл Ми одново докажа дека ваквиот начин на едукација е најефективен, затоа што преку игра и забава, децата го подобруваат физичкото здравје, стекнуваат здрави навики, учат како да се опуштат и да го зголемат нивниот фокус, а со тоа го поттикнуваат и нивниот личен раст и развој.
После активните спортски часови, членовите од Литл Ми семејството, уживаа во безвременскиот детски цртан филм „Зоки Поки“ во нивното мини летно кино. Идеален начин за заедничко дружење, споделување импресии, но секако и одлична можност за учење важни животни лекции за другарството и взаемната грижа. Со мали чекори, до големи насмевки за генерации кои знаат да се грижат за себе и за сѐ што ги опкружува нив.