Халкбанк пет години трансформира еко избори во секојдневни навики преку ХалкЕко

Петтoто издание на хронометар велосипедската трка Halk Velo Green ќе се одржи на 8. септември во Маврово, а сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, за учество можат да се пријават најдоцна до 3. септември преку www.smartrace.club. Велосипедската трка, петта година по ред ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco.

halkbank-pet-godini-transformira-eko-izbori-vo-sekojdnevni-naviki-preku-halkeko-01.jpg

Стартот на трката ќе биде на големиот паркинг пред спортската сала, а на истото место ќе биде и целта. Се вози до пред Хотелот Радика каде се врти полукружно и потоа велосипедистите се враќаат назад по истата патека. Патеката е со должина од 22 км за натпреварувачите во категориите ХОБИ и ЈУНИОРИ, и 12 км за децата кои ќе се наптреваруваат во категоријата ДЕЦА.

Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата.

И оваа година трката ќе биде организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска кокуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но, на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови. 

За забавниот дел од програмата ќе се погрижат шоуменот Викса и ди-џеј Јорданов Александар, а за храната Jоjo’s barbecue. За најмалите ќе биде организирана и рекреативна трка со балансери и тротинети, а за тоа време ќе ги бодри добропознатиот Халки

Велосипедската трка Halk Velo Green е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата HalkEco (www.halkeco.mk). Со апликацијата, банката го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. При извршување на активност како трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот добива HalkCoins и освојува различни нивоа кои му носат низа подароци и финансиски бенефиции.

Сите детали и правила за HalkVeloGreen трката на Халкбанк, се поставени на веб страницата: halkvelogreen.mk

HalkVeloGreen е дел од општествено одговорните активности на Халкбанк насочени кон поттикнување и негување здрави животни навики и заштита на природата, а кои се реализираат преку платформата ХалкЕко.

Започната во 2020 година, оваа трка побуди голем интерес кај луѓeто кои го користат велосипедот за спортување, рекреација или како превозно средство.

HalkVeloGreen успешно ја постигнува и својата зелена мисија, преку донациите за засадување над 20.000 садници во македонските шуми – со средства генерирани во заедништво на организаторот и учесниците на трката.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg