Сладолед, вода и ефикасна медицинска крема за заштита од сонце - сè што ни треба ова лето!
- Детали
- понеделник, 29 јули 2024
Летото е период кога сите сакаме да уживаме на сонце, но истовремено и да се заштитиме од неговите штетни ефекти. Постојат некои најнеопходни работи што треба да се имаат секогаш со себе под силното сонце.
Ништо не може да го освежи телото и духот како вкусен сладолед. Дали се преферира ванила, чоколадо или овошни вкусови, сладоледот е совршен начин човек да се разлади во жешките летни денови. Овој замрзнат десерт не само што ќе освежува, туку и расположува, особено ако се работи за превисоки температури.
Хидратацијата е можеби најклучна, особено кога е пеколно топло. Водата помага да се одржи балансот на телесните течности, ја регулира телесната температура и ги елиминира токсините од телото. Без разлика дали сте на плажа, планина или во град, секогаш треба да се носи со себе шише вода за да се остане хидриран.
За да се искористи максимално времето под летното сонце и да се остане безбеден, потребна е вистинската заштита и освежување. Еден од најдобрите производи на пазарот е Eucerin Dry Touch Gel-Cream SPF 50+ Овој ултра-лесен гел-крем обезбедува висока UVA и UVB заштита, инстантно се впива во кожата и на допир таа останува сува. Идеален е за масна и кожа склона кон акни, и не остава траги на облеката или костимот за капење. Со неговата напредна спектрална технологија и додатоци како Ликохалкон А и Глициретинска киселина, ја штити кожата од слободните радикали и ја поддржува нејзината природна регенерација.
Лесната летна облека и шеширот со широк раб исто така заштитуваат од директната сончева светлина, додека чадорот за плажа обезбедува сенка и моментално ослободување од жештината од директнотото сонце. Сепак, исклучително е важно редовно да се нанесува квалитетна крема за сонце што ја штити кожата. Со овие неопходности, секој би можел да се релаксира и да ужива безгрижно во летото.