Пуштена во претпродажба новата книга на Амела Мемиш Апостоловска
- Детали
- недела, 28 јули 2024
Пуштена во претпродажба новата книга „Различни но слични“ на Амела Мемиш Апостоловска, дипломиран психолог на Лондонскиот Универзитет со богата академска позадина, воедно и автор на првата книга „Гласот од тишината“ книга која говореше за предностите на аутизмот наместо попреченоста, дело кое пркосеше на неавтентичното себеизнесување од себични причини, книга која им пркосеше на лицемерните обиди да се прикаже сопствената несреќа или дури, несреќата на своето дете се со цел да се себепромовира, да се стане славен, да се привлече внимание, распродадени 300 примероци.
Сега настапува со втора книга која е во издание на Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА-СКОПЈЕ.
Во прилог ви доставуваме извадоци од рецензенти на книгата воедно и нејзини промотори на настанот кој ќе се одржи на 15-ти Септември за локацијата и времето дополнително ќе има информации.
Извадок од рецензијата на Проф. д-р Мирослав Пендароски, Психолог, редовен професор на факултетот за психологија, при – Меѓународен Славјански Универзитет „Свети Николе“, Свети Николе, Битола, Р. Македонија
* Концепциски, тоа е текст која не се заморува премногу со некаква цврста содржинска структура која би требало да следи некаква однапред одредена алгоритамска матрица. Напротив, писанието нè носи ту вдесно кон радикалните себесогледувања, ту влево кон либералните генерализирачки погледи на многу луѓе, ту во центарот и праисконот на една формална социо-културна матрица. Токму слободата во овој текст овозможува читателот да си ја чита буквално од каде што сака!
Интересно е што авторката започнува токму со текстот насловен како „Битката“, во кој говори за важноста секогаш да се стане и да се продолжи во животот по макар било која цена, но, притоа следејќи ги вистинските вредности! На крајот на краиштата, сè е битка во една рака, нели! Та човекот низ битка и доаѓа на овој свет, тој низ болка и првиот плач стапнува на неизвесното тло на живеењето … Па затоа авторката во текстот – Оштетена нè потсетува и предупредува дека нема битка без последица, т.е. дека ние посекако ќе бидеме оштетени, потсетувајќи нè дека без лошото не ќе го узнаевме ниту доброто, исто како што и без битка не ќе бевме победници во сопственото егзистирање низ битката над битките, војната наречена – ЖИВОТ! Токму во тој контекст авторката подолу вели – ’Нема никој порешителен да успее од некој кој нема што да изгуби!‘, бидејќи само болните искуства ставени во функција на себеизградба нè прават она што сме! Оттаму, сосема природно, во текстот насловен како „Будење“ читателот е соочен со вистината дека не можеме да бидеме тука за другите ако не сме биле за себе! Во тој контекст, она што исто така е важно за вреднување во ова дело е дека насекаде низ книгата провејува свесноста за потребата од процесот на прифаќање, за непрекинливата потрага по доброто во оној кој е различен од нас а со што го доближуваме до себеси и со тоа сме – различни а сепак слични!
Авторката низ целиот текст, сосема директно, свесно-строго и самоуверено глаголи за важноста на нашиот пример за нашите деца и дека во денешно време на злоба и пакост, на агресија и напад, најдобра казна е да не ги казнуваме со истото туку да им покажеме што пропуштаат и колку е далекусежна мајчината љубов. Но, таа не заборава да каже дека не можеме да бидеме пример никому доколку одбирањето на себеси не ни е основниот вид на саморазвој, особено при искуства на неприфаќање од надвор. Значи, пример можеме да бидеме само и само доколку сме си станале прво пример на себеси, прифаќајки ја сета одговорност за тоа прифаќање!
Извадок од рецензијата на Д-р Златко Жоглев, Редовен професор на Педагошкиот факултет – Битола, во пензија.
*ОМАЖ ЗА ЖЕНАТА, ЖИВОТОТ И ЉУБОВТА:
Дека авторката располага со широк спектар на знаења, не само од областа филозофија, социологијата, психологијата (и нивните крос-дисциплини), туку и од областа на метафизиката и посебно од областа на мистиката, потврдува делот „Нова – стара земја“, кој не само по насловот, туку и по суштинските анализи во него потсетува на делата на познатите мистичари Успенски, Блавацка, Екарт Тол, Михаел Лајтман, Клод Стајнер. Имено, во овој дел од текстот на извонредно практичен начин се вткаени мудрости од делата на овие мистичари и се транспонирани така да бидат навистина корисни за читателите.
Книгата изобилува со извонредно луцидни анализи, но и со многу практично-корисни совети и препораки кои посебно се однесуваат на жените, но и на сите луѓе (поимот сфатен во транс-родова смисла).
Како посебно квалитетен (во секој поглед и од теориско-филозофски, но и од практичен аспект) треба да се издвои делот „Љубов“ во кој Амела Мемиш Апостоловска, на извонреден начин дава мултидисциплинарни определби за љубовта и разјаснувајќи ги нејзините најсуштински карактеристики на едноставен начин. Со тоа и овој дел, како всушност и другите делови во оваа книга, го прави многу поприемлив за читање, разбирање и полесна примена во животната пракса.
Кога ќе се споредува делот „Љубов“, единствено делот „Како се чувствува тагата“ може да се споредува со него, по интелектуалните и духовните височини и длабочината на анализите. Во тој дел на еден навистина фасцинантен начин Амела Мемиш Апостоловска ја опишува мултидисциплинарно и од различни агли суштината на тагата и нејзините значење за животите на луѓето, посебно за нивното духовно, но и севкупно издигнување како личности. А пораката за читателите од авторката гласи?
„Решена сум да се сакам себеси во потполност, секој ден. И знам кога е вистинското време, она што е наменето да биде секогаш ќе најде начин. Дотогаш, ќе продолжам да го живеам мојот најдобар живот,
Силна, убава и слободна.“
Кога сè ќе се сумира, може да се каже дека текстот на Амела Мемиш Апостоловска е еден извонредно инспиративен, лесно читлив и приемлив текст, од една страна, но и многу длабок текст според анализите и пораките кои ги содржи, а во суштина е палимпсестен текст, кој при секое ново читање ни открива по некоја нова скриена димензија или слој.
Згора на тоа текст е и многу корисен како прирачник за многу животни ситуации, а посебно за мајките на деца со потешкотии во развојот (овде нагласуваме дека го прифативме овој израз затоа што го користи авторката, а познато ни е дека во литературата се сретнуваат многу други изрази како што се „деца со посебни потреби“, „деца со посебни образовни потребни“ итн.).
Книгата накратко е своевиден омаж на животот, љубовта, човекот, а посебно на жените.
Овој текст во завршуваме со констатацијата на авторката дека иако во новите времиња многумина ќе залутаат сепак:
„Некои навистина ќе изберат сами да одат по патеката, а потоа ќе се најдат благословени со вистински душевни придружници бидејќи сите тие навистина се трансформираат и го доживуваат возвишеното“.
Авторката на Фејсбук профилот објави:
Книгата „РАЗЛИЧНИ НО СЛИЧНИ“ ОД ДЕНЕС ВО ПРЕТПРОДАЖБА‼
Незаменлива книга која ќе биде ваш водич што ќе ви овозможи внатрешна трансформација на секое поле, напишана од сопствено искуство со интересни комбинации од повеќе научни гранки вклучувајќи ја метафизиката, мистицизмот за душата на секоја жена, мајка и животот на денешницата‼
Ова е книга што менува светогледи начинот на кој се гледаме себеси и другите, околниот свет и природата, своето минато, сегашност и иднина. Кревајќи го превезот од заблуди поврзани со концептот на тагата и љубовта, таа ни го покажува вистинскиот пат кон среќата.
Во неа се испишани 30 текстови од кои нема да можете да останете непроменети.
Бидете меѓу првите коишто ќе ја читаат новата книга за себеспознавање. Од денес можете да го обезбедите својот примерок по специјална цена со 20% попуст или 360 денари! Нарачајте и веднаш од обичен патник станете капетан на бродот што се вика АВТЕНТИЧЕН живот
Нарачки во инбокс или на следниов ЛИНК, за вашата сигурност и обезбеден примерок за нарачка ќе добиете дополнителни инструкции за плаќањето!
Бројот е ограничен.