Дали никотинот може да има улога во намалувањето на штетите од тутунот?
- Детали
- среда, 24 јули 2024
Во минатото, никотинот, тутунот и пушењето беа термини што се однесуваа на истото: цигари и други производи што го согоруваат тутунот. Денес, тоа повеќе не е случај благодарение на технолошките иновации и континуираните научни истражувања во областа на намалување на штетите од тутунот. Сепак, и покрај овој напредок, сè уште има многу погрешни перцепции за никотинот.
Д-р Метју Холман, Потпретседател и главен директор за наука и стратегии во Филип Морис Интернешнал (ФМИ), во својата статија за придобивките од познавањето на фактите за никотинот, опишува како општата јавност, па дури и лекарите, често погрешно ги разбираат ризиците од никотинот.
Никотинот е природен алкалоид присутен во многу растенија од семејството Solanaceae. Во рамките на ова семејство растенија, тутунот содржи далеку највисоки нивоа на никотин. Присутен е во цигарите, е-цигарите, другите алтернативи без чад, како и во терапиите за замена на никотин. Никотинот предизвикува зависност и не е без ризик, но не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето, а претставува и главен фактор за пушачите за промена нивните навики. Во идеален случај, ова значи престанок на пушењето, можеби и со помош на терапиите за замена на никотин (гуми за џвакање, фластери, спрејови, пастили и таблети што се издаваат само на рецепт), доколку е потребно. Или, за оние кои не се откажуваат, премин кон производи без чад.
Чадот од тутунот во цигарите содржи повеќе од 6.000 материи, од кои речиси 100 се класифицирани од страна на јавните здравствени агенции како штетни или потенцијално штетни. Хроничната изложеност на високите нивоа на овие материи, присутни во чадот од цигарите кога се согорува тутунот е поврзана со болести поврзани со пушењето, како што се кардиоваскуларни и респираторни заболувања и рак на белите дробови.
Никотинот се врзува за никотинските ацетилхолински рецептори во централниот и периферниот нервен систем за да предизвика низа физиолошки одговори, како на пример, минливо зголемено отчукување на срцето и крвен притисок. На овие ефекти може да влијае и начинот на внес на никотин, односно преку белите дробови, устата или кожата. Секој од овие патишта влијае на брзината и количината на внесен никотин во телото.
Алтернативните на пушењето, како производите што го загреваат тутунот, е-цигарите или никотинските кесички целосно го елиминираат процесот на согорување. Уредите кои го загреваат тутунот ослободуваат никотин, додека се генерираат во просек околу 90% до 95% пониски нивоа на материи кои се штетни или потенцијално штетни, во споредба со чадот од цигарите.
Бидејќи регулаторниот фокус се префрла од штетите на цигарите кон ефектите на никотинот, потребни се повеќе истражувања за тоа како никотинот влијае на телото и мозокот, и како тоа варира во зависност од начинот на примена.
Компанијата Филип Морис Интернешнал е посветена на поткрепување на профилот на ризик на производите без чад, а дел од тоа е подоброто разбирање на никотинот и неговата улога во намалувањето на штетите од тутунот. Производите без чад на ФМИ, како IQOS, ослободуваат никотин со значително пониски нивоа на штетни материи кои се наоѓаат во чадот од тутунот. Присуството на никотин во производите без чад е важен фактор, вклучувајќи ги и ритуалот, сензорното искуство и вкусот, со цел полнолетните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, да се одалечат од цигарите, преку избирање на промена кон алтернативи без чад.