Халкбанк ја доби наградата „STP AWARD 2023“ од Комерцбанк

Халкбанк АД Скопје е добитник на „STP AWARD 2023“ - награда за извонредност во испораката на комерцијални плаќања и трансфери на финансиски институции во текот на 2023 година. Оваа престижно признание го доделува Комерцбанк, една од водечките меѓународни деловни банки во Европа.

halkbank-ja-dobi-nagradata-stp-award-2023-od-komercbank-01.jpg

Клучни критериуми за добивање на оваа награда, што се доделува на внимателно селектиран број деловни банки, се вкупниот број на успешно извршени трансакции и високото ниво на прецизност и усогласеност на СВИФТ пораките со меѓународните стандарди.

Халкбанк посветено работи на обезбедување на висок степен на ефикасност и прецизност во обработката на плаќањата, што е препознаено и наградено од страна на Комерцбанк.

Преку континуирани инвестиции во обука и размена на знаења со светски реномирани финансиски институции, Халкбанк се стреми да ги унапредува услугите што ги нуди на своите клиенти, како и да воведува нови и иновативни.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg