Божиновски часовници и накит одбројуваат незаборавни моменти на „Охридско лето“

Секој од нас ја има привилегијата да избере дали секоја секунда, само ќе пројде или пак ќе ни донесе некоја нова инспиративна приказна.

bozhinovski-chasovnici-i-nakit-odbrojuvaat-nezaboravni-momenti-na-ohridsko-leto-01.jpg

Во име на ова Божиновски часовници и накит оваа година решија на одбројувањето на времето му дадат уште поголема вредност, преку поддршката на најголемата културна манифестација во земјава „Охридско лето“.

„Со поддршката на проекти од културата ја дефинираме нашата посветеност кон создавање моменти кои траат. Секој час, секоја секунда носат нова приказна и нова вредност. Вредноста на времето е неизмерлива, и ние веруваме во создавање искуства кои остануваат запишани во срцата и умовите на сите нас”, изјавија од Божиновски часовници и накит.

64-тото фестивалско издание „Охридско лето“ започнува на 12 јули, а ќе трае до 20 август. Бројните концерти на класична музика, театарски претстави, изложби и национални вечери ветуваат богато и незаборавно поминато време во знакот на културата. .

Одбројуваме... со Божиновски часовници и „Охридско лето“

bozhinovski-chasovnici-i-nakit-odbrojuvaat-nezaboravni-momenti-na-ohridsko-leto-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg