„Symphony of sensation“ пристигна во Скопје, подгответе се за изложба која ги крие тајните состојки на најавангардното коктел мени

„Чувства и само чувства. Благодарение на нашите бармени, кои се полни со страст и ентузијазам, создадовме приказна, која што ги буди и заспаните чувства”, вели менаџерот на Дистрикт, Никола Јордевски и со задоволство ја најавува изложбата, која ги крие тајните состојки на најавангардното коктел мени.

symphony-of-sensation-pristigna-vo-skopje-podgotvete-se-za-izlozhba-koja-gi-krie-tajnite-sostojki-na-najavangardnoto-koktel-meni-01.jpg

Веќе осум години по ред, Дистрикт, како дел од „Скопје Мериот“ хотел, претставува симбол за урбано и култно место, кое го следи градскиот пулс и ја испишува најдобрата скопска приказна, испреплетена со смели вкусови, позитивни вибрации, нови пријателства и спомени, кои будат топли сеќавања. 

Дистрикт секогаш нуди неверојатен избор и врвен квалитет на храна и пијалаци и овој пат, наздравува за поинакво, извонредно коктел-дело, со кое ќе се добие совршениот спој на хедонизмот и уметноста.

„Symphony of sensation“ пристигна во Скопје, а низ разговор со Никола Јордевски, ќе ви ја откриеме инспиративната порака, која се крие зад оваа урбана коктел приказна, во која уметноста ќе ја одигра главната улога.

Од каде потекнува инспирацијата и идејата за новото коктел мени и по што се издвојува од претходните?

Никола Јордевски: Да бидам искрен, испирацијата за едно вакво, поинакво коктел мени, доаѓа од нашето секојдневие.

Со новото коктел мени „Symphony of sensation“, сакаме да ги потсетиме нашите гости да уживаат во нивните чувства и емоции, со секоја голтка да се препуштат на имагинацијата и да знаат да уживаат во секое чувство на начин, како што тие самите го доживуваат.

Ова мени, дефинитивно се издвојува од сите предходни, бидејќи овој пат одлучивме да допреме длабоко до човековото битие, да ги разбудиме чувствата, кои што некаде се заспани во нас.

Морам да потенцирам дека она што го прави уникатно ова коктел мени, не се само вкусовите на коктелите, туку и самиот дизајн на менито.

Сакавме да направиме нешто кое што досега не е видено на македонскиот пазар, па дури ни во Европа.

Како компанија, која што секогаш ги следи светските трендови, се трудиме да го направиме најдоброто што можеме, како што доликува на нашиот бренд.

symphony-of-sensation-pristigna-vo-skopje-podgotvete-se-za-izlozhba-koja-gi-krie-tajnite-sostojki-na-najavangardnoto-koktel-meni-02.jpg

Која е приказната што се крие зад секоја голтка?

Никола Јордевски: Чувства и само чувства. Благодарение на нашите бармени, кои се полни со страст и ентузијазам, создадовме приказна, во која уметноста ја „доби“ главната улога.

Создадовме продукт на кој што лично ние како тим му се восхитуваме. А на прашањето „Што се крие позади секоја голтка?“,  нема точен одговор, бидејќи секој различно го доживува.

symphony-of-sensation-pristigna-vo-skopje-podgotvete-se-za-izlozhba-koja-gi-krie-tajnite-sostojki-na-najavangardnoto-koktel-meni-03.jpg

Која е тајната состојка за да се добие совршен спој на хедонизмот и уметноста?

Никола Јордевски: Страст, со сигурност. Секој човек ги искажува чувствата на различен начин, бармените во коктел состојките, а уметниците на платното и така создаваме една необична приказна, која ќе биде надополнета со смели вкусови, позитивни вибрации, нови пријателства и спомени, кои будат топли сеќавања.

symphony-of-sensation-pristigna-vo-skopje-podgotvete-se-za-izlozhba-koja-gi-krie-tajnite-sostojki-na-najavangardnoto-koktel-meni-04.jpg

Со кои состојки експериментиравте за да внесете свежина и уникатност во ова коктел мени?

Никола Јордевски: Секогаш се трудиме да ги избереме најквалитетните состојки, кои што можат да се најдат не само на нашиот локален пазар, туку и надвор од нашата држава.

Така што „Symphony of sensation“ освен што изобилува со извонредни вкусови, кои освојуваат на прва, ќе се издвои и по врвниот квалитет, кој гостите на Дистрикт веќе со години го препознаваат.

symphony-of-sensation-pristigna-vo-skopje-podgotvete-se-za-izlozhba-koja-gi-krie-tajnite-sostojki-na-najavangardnoto-koktel-meni-05.jpg

Како светски бренд, кои се вашите критериуми за избор на самите состојки?

Никола Јордевски: Без разлика на цената, секогаш избираме квалитет. Соработуваме со светски докажани брендови, за на крај да го добиеме финалниот производ, онака како што заслужува.

symphony-of-sensation-pristigna-vo-skopje-podgotvete-se-za-izlozhba-koja-gi-krie-tajnite-sostojki-na-najavangardnoto-koktel-meni-06.jpg

Откријте ни барем дел од имињата на новото коктел мени. Каква порака крие самото име на менито - „Symphony of sensation“? 

Никола Јордевски: Можам да ви ги откријам имињата, но мислам дека подобро е да ги поканам вашите читатели да дојдат да ги пробаат нашите коктели, за да уживаат и за да ги доживеат.

Како што и претходно споменав, потребно е да се искуси целата приказна. Затоа што секој коктел буди посебно задоволство и секоја голтка испишува приказна.

Symphony of sensation – пораката, која што ја крие, е многу моќна, која што зависи од нашата имагинација и чувства.

Штафелај, платно, флуоросцентни бои и авангарден вкус, дојдете во Дистрикт, на голтка уметност.

symphony-of-sensation-pristigna-vo-skopje-podgotvete-se-za-izlozhba-koja-gi-krie-tajnite-sostojki-na-najavangardnoto-koktel-meni-07.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg