Шпаркасе Банка, главен поддржувач на Саемот за универзитети „УниКомпас“ и сигурен финансиски партнер на младите

Скопје, 8.7.2024 г. — Во саботата, на 6 јули, во организација на „СтудентаријаМК“, се одржа првото издание на Саем на универзитети „УниКомпас“, каде што идните студенти и нивните родители ги истражуваа образовните можности. Генерален покровител на настанот беше Шпаркасе Банка АД Скопје.

shparkase-banka-glaven-poddrzhuvach-na-saemot-za-univerziteti-unikompas-i-siguren-finansiski-partner-na-mladite-01_copy.jpg

Шпаркасе Банка со задоволство го поддржа настанот што претставува едно трансформативно искуство за идните студенти, обезбедувајќи им платформа за комуницирање директно со претставниците на факултетите и на образовните институции.

shparkase-banka-glaven-poddrzhuvach-na-saemot-za-univerziteti-unikompas-i-siguren-finansiski-partner-na-mladite-02.jpg

На саемот Шпаркасе Банка се запозна со идните студенти, со нивните потреби и барања, и ги претстави своите најважни вложувања во областите на спортот, уметноста и културата, образованието, музиката, зелената иднина и целата заедница. Банката ја истакна поддршката на младите преку многубројните актуелни активности, академиите „Млад банкар“ и „Vibe On летната академија“, големата наградна игра „Ich liebe dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“, наменета за сите корисници на пакетот за млади Vibe On, многубројни добротворни настани и уметнички конкурси, спортски настани, проекти за финансиско здравје и едукација како севкупна поддршка што им ја нуди на младите.

shparkase-banka-glaven-poddrzhuvach-na-saemot-za-univerziteti-unikompas-i-siguren-finansiski-partner-na-mladite-03.jpg

„Како Банка што верува во иднината и верува во младите, посветени сме да ги обезбедиме најдобрите банкарски решенија за младите, со цел да им подадеме рака кон градење сигурна финансиска иднина. Веруваме во потенцијалот на младите генерации и токму за нив ја создадовме Платформата за млади Vibe On, која освен што вклучува бесплатни банкарски производи и низа поволности дизајнирани да ги пресретнат нивните потреби, во себе вклучува и проекти за финансиска едукација и поддршка во различни области што се дел од нивното секојдневие. Токму поддршката на Саемот на универзитети е дел од сите заложби на Шпаркасе Банка за млади, кои засилено ќе продолжат и во следниот период“, изјави Ивана Петревска, директор на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

shparkase-banka-glaven-poddrzhuvach-na-saemot-za-univerziteti-unikompas-i-siguren-finansiski-partner-na-mladite-04.jpg

Шпаркасе Банка верува во моќта на младите да обликуваат посветла иднина. Затоа, во рамките на Платформата за млади Vibe On, најавува низа иницијативи и активности, кои ќе опфатат понуда на сет банкарски производи наменети за млади, проект за финансиска едукација и унапредување на финансиското здравје на младите, поддршка на проекти од областа на спортот и стимулирање на здравиот начин на живот, поддршка за патување, доедукација, па сè до поддршка за стекнување сопствен дом.

shparkase-banka-glaven-poddrzhuvach-na-saemot-za-univerziteti-unikompas-i-siguren-finansiski-partner-na-mladite-05.jpg

Инаку, дел од Шпаркасе заедницата се 30.000 редовни студенти од сите државни и приватни универзитети, кои минатата година добија кобрендирана Visa картичка за студентски оброци и портокалова Visa картичка што е дел од бесплатниот пакет за млади Vibe On.

#ВерувајВоИднината

shparkase-banka-glaven-poddrzhuvach-na-saemot-za-univerziteti-unikompas-i-siguren-finansiski-partner-na-mladite-06.jpg

shparkase-banka-glaven-poddrzhuvach-na-saemot-za-univerziteti-unikompas-i-siguren-finansiski-partner-na-mladite-07.jpg

shparkase-banka-glaven-poddrzhuvach-na-saemot-za-univerziteti-unikompas-i-siguren-finansiski-partner-na-mladite-08.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg