Како до ефикасно смирување на уриналните инфекции?

Како да се ослободите од бактериите во уринарниот тракт и спречите појава на инфекции!

kako-do-efikasno-smiruvanje-na-urinalnite-infekcii-01.jpg

Жените многу често страдаат од уринарни инфекции! Но како да избегнете ваква состојба без да пиете антибиотици или други лекови. Инфекциите знаат да бидат голем проблем особено во летниот период кога треба да бидеме најопуштени.

Сте отишле на одмор сите се сончаат и пливаат, а вие се грижите да не добиете цистит! Особено ризикот е голем кога по бањање нема да го соблечете костумот за капење, со што веднаш се изложувате на ризик да добиете инфекција. Болките во јајниците, пецкање при мокрење сето ова наговестува дека имате проблем со уринарниот тракт. За да избегнеме ваква состојба и мирно да си го планираме одморот, Натура терапи има природно решение за уринарните инфекции. Ги има производите Уро протект и Д-Маноза, кои се пијат во комбинација, тоа е дуален систем против уринарни инфекции кои се многу почести кај жените на лето заради мокри костими за капење, преладен стомак, нозе итн.

Uro Protect е препарат со посебна медицинска намена со растителни екстракти, наменет за заштита на здравјето и функцијата на уринарниот систем, додека Д-МАНОЗА помага за диететско регулирање на нормалната функција на уринарниот тракт и намалување на појавата на уринарни инфекции. Содржи 4 активни компоненти со синергистичко и научно потврено дејство. За најголем ефект се препорачува употреба Uro Protect во комбинација со Д-Маноза (D-Mannose). Станува збор за 100% природен производ, кој не содржи ГМО, млеко (лактоза), глутен, соја или други познати алергени и е достапен во продажните центри на Natura Therapy и аптеките.

Уринарните инфекции најчесто се предизвикани од страна на бактеријата Ешерихија коли и не само што даваат навистина непријатни симптоми туку и многу тешко се третираат ефикасно и целосно. Вообичаената антибиотска терапија  и покрај тоа што целно се применува, не секогаш целосно ја уништува бактеријата, која за кратко време повторно се размножува и прави нова, повторувачка инфекција. Статистиката покажува дека дури половина од жените на возраст над 65 години страдаат од повторувачки инфекци!

Тлеењето на бактериите во уринарниот тракт и рекурентната појава на инфекции е вистинско измачување за многу жени, кои ги чувствуваат и последиците од прекумерна употреба на антибиотици, а не ретко имаат и сериозни последици по здравјето и функцијата на бубрезите, неволно протекување на урината, камење во мочниот меур, вагинални инфекции и проблеми со репродуктивното здравје.

Заштитете се! Ослободете се од бактериите во уринарниот тракт и спречете ја повторната појава на инфекции!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg