„Место“ за новата генерација: Во свет полн галама, биди тишина

Многу често кога ќе го свртиме погледот кон општеството, може да забележиме работи кои не ни се допаѓаат, но понекогаш решаваме да ги премолчиме, само за да не направиме поголем проблем од нив. Но, една група млади луѓе реши да го крене гласот и да дозволи нивната генерација да зборува преку нивната музика, со цел да ги адресира недостатокот на емпатија, толеранција и разбирање во заедницата во која живееме и да започне разговор за темите кои несвесно ги игнорираме.

mesto-za-novata-generacija-vo-svet-poln-galama-bidi-tishina-01.jpg

Што правиш кога ти е тесно во местото каде што живееш? Што правиш кога чувствуваш дека има толку многу важни работи на кои не им се обрнува внимание? Во вакви случаи, се обидуваш да направиш место. Место за себе, место за важни работи, но и место за туѓото мислење кое вреди да биде слушнато. Young Dadi, Matej Foltz и дуото Zee Bomb буквално направија „Место“ – нивната нова песна, која ги обработува токму темите на припаѓање и на заедничко функционирање, кои толку долго се дел од централната дискусија на ова македонско поднебје.

„Како што без контраст ќе нема ден и ноќ, без морален компас, моќта не е моќ“. Само една реченица, а толку моќно опишано едно чувство кое го имаме со години и со генерации, кое постојано го прави актуелно прашањето „Зошто сме толку далечни кога сме толку слични?“. Имаме повеќе работи што не’ спојуваат, отколку што не’ разделуваат, а решаваме да ги игнорираме мислејќи дека самите можеме подобро и повеќе. А всушност, ние луѓето сме создадени да бидеме поврзани...

mesto-za-novata-generacija-vo-svet-poln-galama-bidi-tishina-02.jpg

Создавајќи го текстот, тие користеа мотиви од еден од најголемите литературни примери кои ги има дадено токму ова наше поднебје – драматургот Горан Стефановски, кој во своето творештво пишуваше за истите овие случки, теми и проблеми од нашата заедница за да ни покаже како може да ја направиме подобра.

Црпејќи инспирација од она што ги опкружува и она што го гледаат во секојдневието, Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb ги здружија силите за да направат песна што ќе ги мотивира луѓето да излезат од апатијата и да размислат во насока на колективното добро. Песната „Место“ го најде своето место препознавајќи се во иницијативата #НаправиМесто на Македонски Телеком, која во последниот период е актуелна во јавноста. „Место“ претставува совршен спој на сите вредности за кои зборува Македонски Телеком во иницијативата, искажани од страна на оние кои навистина се важни – луѓето од нашата заедница. И тоа млади луѓе, токму оние на кои ќе се потпира светот во иднина и на кои ќе им ги довериме клучевите од ова наше социјално-емотивно расклатено кралство во кое живееме.

mesto-za-novata-generacija-vo-svet-poln-galama-bidi-tishina-03.jpg

За вистински да се поврземе, потребен ни е отворен свет во кој секој ќе има слобода да биде искрен и свој. Потребен ни е свет на можност, кој мора заедно да го создадеме. Гласот на младите има евидентно влијание во песната „Место“, но уште повеќе почнуваме да го чувствуваме насекаде околу нас, како пробива и се обидува да стане предводник на големи промени кои носат подобри времиња. Ако Македонски Телеком ја започна дискусијата за тоа дека сите имаме иста цел – да живееме среќно во поубава заедница, тогаш овие четворица млади момци ни покажуваат дека одговорите кои ги бараме ќе ги најдеме околу нас – во позитивните мисли на луѓето кои ги гледаме секојдневно. Да направиме место, за вистински да се поврземе!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg