ТООП проценти 6,6% - Халкбанк со промотивен период за аплицирање за Visa Vita или Mastercard Credit Contactless картичките

Во тек е промотивниот период за аплицирање за кредитните платежни картички Visa Vita или Mastercard Credit Contactless на Халкбанк А.Д. Скопје.

toop-procenti-6-6-halkbank-so-promotiven-period-za-apliciranje-za-visa-vita-ili-mastercard-credit-contactless-kartichkite-01.jpg

Во периодот од 01.05.2024 до 31.12.2024, сите нови Visa Vita или Mastercard Credit Contactless кредитни платежни картички се со промотивна каматна стапка од 6,6%. Поволностите на промотивниот период во однос на каматната стапка може да ги користат клиентите кои се приматели на  плата во Халкбанк АД Скопје.

Visa Vita и Mastercard Credit Contactless кредитните картички немаат ограничување на лимитот во бројот на плати и даваат можност за користење и пристап до средствата од вашиот револвинг кредитен лимит 24/7. Картичките се одликуваат со плаќање на минимален долг од 5% и плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на банката.

Најголемите предности на Visa Vita и Mastercard Credit Contactless се: можноста за повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје и добивање на 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

При плаќање со кредитните картички на Халкбанк на ПОС терминали на Халкбанк, добивате можност да собирате и бонус поени во пре-дефинирани периоди на различни типови продажни места - објавени од страна на Банката. Собраните поени може да се искористат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк, при што 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

Во текот на промотивниот период првите 1000 апликации за овие картички поднесени во филијала добиваат 1000 бонус поени, додека пак првите 500 апликации преку е-банкинг добиваат 2000 бонус поени. 

Картичките се меѓународни, поддржуваат интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате мејл известување за секоја направена трансакција.

Покрај тоа, ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Постои можност за online аплицирање за картичките преку Електронско банкарство или Мобилната апликација.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg