Летен потрошувачки кредит, нов производ од Шпаркасе Банка

1.7.2024 година – Шпаркасе Банка АД Скопје и понатаму продолжува да работи во насока на задоволување на потребите на своите клиенти, да го следи пазарот и да креира најдобри понуди. Па така, во период на летните одмори, Шпаркасе Банка го претстави својот нов производ.

leten-potroshuvachki-kredit-nov-proizvod-od-shparkase-banka-01.JPG

Новиот Летен потрошувачки кредит наменет за патување, со фиксна каматна стапка за целиот период од 5,3%, максимален износ до 180.000 денари и рок на отплата до 48 месеци, е активен од 1.7.2024 до 31.8.2024 година и е со вклучена полиса за животно/неживотно осигурување.

Дополнително на ова, Шпаркасе Банка за сите свои клиенти што ќе платат со картичка (дебитна или кредитна) од Шпаркасе Банка во туристички агенции – партнери на Банката, обезбеди дополнителни попусти за нивните аранжмани.

Понудата е дизајнирана за да ги олесни финансиските оптоварувања, дозволувајќи им на клиентите да се фокусираат на создавање незаборавни спомени и да уживаат во одморот што го заслужуваат.

Повеќе информации на sparkasse.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg