Најдобриот „Д Фестивал“ досега со спектакуларни концерти и атрактивна придружна програма

Повеќе од 50 музички артисти од домашната и светската сцена настапија на шест фестивалски бини во рамките на 14. издание на Д Фестивал“, што се одржа од 28 јуни до 30 јуни во Дојран.

najdobriot-d-festival-dosega-so-spektakularni-koncerti-i-atraktivna-pridruzhna-programa-01.jpg

Најпопуларниот фестивал на нашите простори во организација на „Пасворд продукција“, годинава го имаше своето најдобро издание досега, кое беше збогатено со голем број различни зони за посетителите, како и со бројни изложби, перформанси, кино, театар, дебати, работилници.

najdobriot-d-festival-dosega-so-spektakularni-koncerti-i-atraktivna-pridruzhna-programa-02.jpg

Покрај музичката програма, и оваа година „Д Фест“ понуди повеќе од 30 најразлични видови уметности и дружби во „ПлоштАрт“, меѓу кои и стенд ап настапи, живи статуи, повеќе видови на танци, тетовирање во живо, јога, тарот, масажа, бесплатна психолошка помош, базар и многу други креативни активности. Оваа година организаторите објавија „Д мапа“, но и „Д Апликација“ за лесна ориентација за време на фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-Камп за посетителите на фестивалот.

najdobriot-d-festival-dosega-so-spektakularni-koncerti-i-atraktivna-pridruzhna-programa-03.jpg

Фестивалот во петокот го отворија хрватскиот бенд „Елементал“, застапничката на африканската култура Фатумата Диавара, словенечката музичка сензација „Јокер Оут“, Палестинската диџејка Сама Абдулхади, која за прв пат настапи во Македонија, а првата вечер на главниот Together X стејџ ја комплетираше италијанската диџејка Дебора Де Лука, позната по своити сетови на Cercle и стадионот на Наполи, Марадона.

najdobriot-d-festival-dosega-so-spektakularni-koncerti-i-atraktivna-pridruzhna-programa-04.jpg

Вториот ден на „Д Фестивал“ помина во знакот на концертите на хардрок-панк-метал-рокенрол-џез сензацијата „Пич Вајс“, македонскиот треш-метал бенд Санаториум, ѕвездата на македонската рап сцена LD Pistolero во придружба на ДЈ Гоце и R.O.N.I.N., американскиот рапер Лил Памп, нашиот познат диџеј Flooder, а атмосферата достигна точка на вриење со перформансот на едно од најмоќните имиња на електро сцената Hot Since 82, кој има настапувано и на позантите фестивали Coachella и Glastonbury и во култните клубови Fabric во Лондон и Pacha на шпанскиот остров Ибица.

najdobriot-d-festival-dosega-so-spektakularni-koncerti-i-atraktivna-pridruzhna-programa-05.jpg

Во рамките на последната неделна вечер, фестивалската еуфорија кулминираше со забава до утринските часови со концертот на македонската андерграунд атракција „Луфтханза“, популарниот кавер бенд „Нувел ваг“, британскиот хит мејкер Џоел Кори и настапот на светскиот хит мејкер Џонас Блу, кој ги донесе своите неверојатни хитови и енергија на главниот стејџ.

najdobriot-d-festival-dosega-so-spektakularni-koncerti-i-atraktivna-pridruzhna-programa-06.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg