Уште поубава дрогерија на старо место: dm ја отвора реновираната дрогерија во ТЦ Веро Центар! 

Речиси еден месец по затворањето на dm дрогеријата во ТЦ Веро Центар заради реновирање, најголемиот европски дрогериски ланец на 27 јуни повторно ќе ги отвори вратите на уште поубавата и реновирана дрогерија, на Бул. Кочо Рацин бр. 1.

ushte-poubava-drogerija-na-staro-mesto-dm-ja-otvora-renoviranata-drogerija-vo-tc-vero-centar-01.jpg

Дрогеријата на dm во ТЦ Веро Центар беше затворена минатиот месец, со цел нејзино разубавување и реновирање. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија. 

На денот на отворањето, купувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со:  

★ -15% попустнаАПСОЛУТНОСЀ 

★ Со секоја сметка над 500 денари ПОДАРОК торба за пазарување; 

★ Со секоја сметка над 700 денари ПОДАРОК Denkmit влажни марамчиња за чистење; 

★ Со секоја сметка над 1.999 денари ПОДАРОК пешкир за плажа. 

Покрај попустот од -15%наАПСОЛУТНОСЀ  кој ќе трае 4 дена (27.6-30.6.2023), на денот на отворањето сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ. 

Како и на секое отворање и реотворање на dm, така и сега, општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во ДСУ за рехабилитација и образование ,,Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Работното време на оваа дрогерија ќе биде: понеделник до недела од 10 до 22 часот. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg