Стопанска банка ни го открива најубавото место на светот
- Детали
- понеделник, 24 јуни 2024
Запрашајте се: „Кое е најубавото место на светот“?
Без разлика на нашата возраст, пол, професија или постигнувања во животот, одговорот е секогаш ист – ДОМА.
Тоа е уникатно место. Место на кое се навраќаме. Место каде се чувствуваме безбедни и сакани. Место кое секогаш го чуваме во срцето, каде и да одиме. Но дома не е само место, дома е и чувство, чувство на слобода, на мир и спокој, чувство на слога и разбирање, на љубов и убавина. Чувство кое е незаменливо и единствено.
На 80-годишнината од своите почетоци, Стопанска банка АД-Скопје преку својата нова кампања ја истакнува љубовта кон дома, притоа потенцирајќи ја желбата, потребата и можностите да се инвестира, создава и гради успешна иднина, токму дома.
Преку врвно продуциран спот под креативното око на најеминентната агенција „Њу момент“, Стопанска банка нѐ носи на патување низ бројни секојдневни емотивни ситуации кои асоцираат на чувството – ДОМА.
Фокусот на оваа кампања се сите граѓани, особено младите, како создатели на иднината и храбри лидери кон подобро утре, кои со поддршка од Стопанска банка можат со желба и труд да докажат дека ништо не е невозможно ако навистина се сака.
Стопанска банка, како банка со најдолга традиција на пазарот, веќе 80 години останува верна на својот избор да работи, создава и расте ДОМА, насочувајќи ја својата посветеност, професионалност и искуство да им помогне и на другите да успеат токму - ДОМА. Дома да ја градат својата иднина и дома да ги остварат сите свои соништа, желби и идеи.
Погледнете го видео спотот за заеднички да се потсетиме што значи да се препознае и разгорува незаменливото чувство – ДОМА.